Media & Marketing Blog

Не умираат само дрвата…

… во традиционалното новинарство, онака како што е сега поставено, не умираат само дрвата туку умираат и самите приказни, стории, извештаи и така натаму. Едноставно се објавуваат …. и толку. Во најголем број случаи тука застанува работата. На слична тема баш вчера една пријателка забележа дека локалниве весници објавувале само временски прогнози 🙂

Решение? За жал нема премногу академци, теоретичари и практичари кои се доволно храбри за да предложуваат или експериментираат со нови модели и пракси во новинарството. Во САД има неколку проекти кои работат на тема граѓанско новинарство (Steve Outing, Jay Rosen) но сепак се чини тоа не удира во сржта на професијата.

Еден од ретките кој се истакнува со прогресивност е британецот Paul Bradshaw автор на многу ценетиот Online Jounalism Blog. Тој започна со една серија на текстови каде предложува модели за редакцијата на 21-от век. Во својот трет пост на оваа тема тој предложува модел со кои сториите не умираат откако ќе се објават.

Тој ги оживува повторно петте W и H во онлајн светот.

  • Who can I connect with? (e.g. social networking, etc.)
  • Where did this happen? (e.g. Google Maps)
  • Why should I care? (e.g. personalisation, databases, how international events affect us)
  • When are events coming up that I need to be aware of (e.g. Calendar, Facebook Events)
  • What did the journalist read to write this?/What have people said about this article? (e.g. links, documents, Trackback)
  • How can I make a difference? (e.g. petitions, changes in personal behaviour or consumption, automatic email to politician)

Детален опис во неговиот пост Five W’s and a H that should come *after* every story (A model for the 21st century newsroom: pt3) по кој следеше и повик за сугестии бидејќи оваа идеја поминала во втор круг на Knight News Challenge.

Првите два дела од серијалов:
A model for the 21st century newsroom: pt1 – the news diamond (NetNovinar)
A model for the 21st century newsroom pt2: Distributed Journalism