Во некои глобални рамки, сé погласни и почести се гледиштата дека модерната/денешната реклама целосно ги губи своите класични референцијални функции (информирање, за доброто или услугата што се нуди, или демонстрација на дејството/својствата на услугата, доброто и слично) и се трансформира во медиумски жанр за демонстрирање на моќта. Низ таа наметната логика на претставување тој што е моќен, тој е и квалитетен и ние како потрошувачи треба да му се приклониме без поговор. Па така имате редица реклами кои симболички ја артикулираат моќта на производот и оној кој стои зад него.
На локална сцена тој процес сé уште не е во развиена или доволно фреквентна фаза за да кажеме дека истиот е стигнат и до нашава дежелица, но затоа некои проблици на центрите за моќ во сферата на рекламирањето и односите со јавност веќе поставуваат темели за ваквото рекламирање, т.е. демонстрација на моќ која треба да го затапи или ослаби критичкото мислење или рационалната дебата кај корисниците/потрошувачите. Иако Телеком, ЕВН и ним слични имаат елементи на корпорациски системи кои оперираат на локална сцена, сепак Владата, како систем а не состав, е најголемата корпорација кај нас. Покрај тоа што доминира со својот капацитет за вработување, таа сé повеќе се концентрира и на ОЈ (односи со јавност) во склад со пост-капиталистичка стилистика посочена погоре, т.е. дистрибуција на ПР-содржини без референцијална функција.
Како показ може да послужи еве да речеме скорешнана наречи-ја-реклама, за тоа како завршуваат оние кои не плаќаат данок (татенце во акт на приведување од службите на редот, дур’ сопругата и нажалената ќерка го гледаат, па овој му прави една хаџиалагиќ-сопка на еден случаен минувач кој да ми ти се погодил инвалид…). Па така , според истава, модерното зло и реинкарнации на Јуда, Менгеле, Пол Пот, Дуче и така редум, се неплаќачите на данок, а оној што го штити поредокот од ова исконско зло е помоќен и од него. Што е ефектот на рекламата? Преѕир кон неплаќачите на данок, трк во г’шти до УЈП или демонстрација на моќ на силите на редот?
Па кога тој што го чува даночниот и секаков поредок очекува позитивно да ги прифатиме пораките за ред во нештата зошто не се држи до нив? Чудни рабоќе :)
За жал се покажува дека рекламата како мини-медиум, не само што не информира за ништо, туку својата сила на убедување ја црпи само од позициите на моќност на субјектот кој ја плаќа рекламата.




Од sead93 20 November, 2007 - 3:24 pm
Fala na Darko za linkot:
Поради слабост на институциите одговорноста е кај владата да биде транспарентна и да каже колку пари се потрошени за рекламните кампањи
Од Кој сее пропаганда ќе жнее бунт | К О М У Н И К А Ц И И 23 January, 2009 - 9:43 am
[...] Влада INC. [...]