Media & Marketing Blog

Мора од некаде да се почне – Обука: Основи на Интернет огласување

Повеќе од 2 години зборувам, предавам, држам обуки на теми поврзани со Интернет, нови медиуми, интернет маркетинг и слично. Комуницирам со голем број на луѓе кои на овој или оној начин се вклучени во некои сегменти од овие приказни. Сум зборувал и како дел од непрофитни настани и публика од граѓанскиот сектор, и како дел од комерцијални настани пред публика од бизнис секторот.

Дополнително, со различните професионални ангажмани низ годиниве наназад се среќавам и соочувам со доста конкретни препреки кои го успоруваат процесот на развој на помасовна употреба на интернетот за различни, но пред се маркетинг цели.

И што од сето тоа? Зошто работава споро оди напред?

Ништо премногу револуционерно. Дојдов до сознанија (искуствено потврдени) дека нема само еден, условно речено, виновник за целава ситуација. Како и за многу други работи сутуацијава е мозаик каде парчињата се исповрзани и не е така лесно да се склопат.

Има најмалку три страни кои сносат, секој за себе, различни одговорности. Врзани се во круг па тешко е да се каже која прва треба да повлече нога. Треба секој својата.

1. Компаниите немаат квалитетни интернет презентации, зборувам за сајтови кои имаат јасна цел, кои се обидуваат квалитетно да пренесат некоја порака или да продадат производ или услуга. Ако нема сајт зад кој стои одредена цал, нема ни мотивација и свест за негово промовирање, ни пак може да се измери успешноста. Зошто би рекламирале прозивод на интернет ако немате негова соодветна презентација таму? Дополнително, компаниите не умеат да ги согледаат (или умеат ама не го прават тоа) предностите кои ги нуди Интернетот во поглед на претставање и промоција на нивните прозиводи и услуги. Не знаат за колку пари што може да добијат, и како да го измерат тоа и што е најважно што може да побараат односно да очекуваат од своите промотивни интернет кампањи.

2. Маркетинг агенциите немаат доволно голем интерес да навлегуваат во ова поле. Пазарот е мал, особено ако се спореди со ТВ или билборди (ourdoor). Потребни се инвестиции во знаење и собирање релевантни податоци и сето тоа оди по линија на помал отпор, односно споро. Плус кога ќе се додаде напорот кој тие треба да го вложат за да го убедат клиентот дека треба да се подготви стратегија за интернет промоција, предизвикот станува уште поголем. Тие се на средина, меѓу предизвикот да го убедат клиентот и да најдат ефективен пласман на пораките. Не им е лесно, ама мора и тие да ја играат својата улога, не смее да има правдање :).

3. Содржинска понуда во МК е сеуште сиромашна. Тука, можеби во последнава година е забележан најголемиот локален развој. Значи факт е дека во МК нема квалитетна содржина на интернет каде човек би сакал да објави реклама. Интернет огласувањето е злато заради можностите за таргетрање т.е. заради нишите (niche) кои се созадаваат. Нив локално ги нема затоа што нема од што да живеат, а нема од што да живеат зошто немаат квалитетна понуда која во фокус ќе ја стави ефективноста на кампањите а не времето на прикажување.

И така се во круг. Влианија и одговорности има многу, не се само овие. Голем е кругот и не е лесно да се развива. Но мора да се почне од некаде. Како што и пишав погоре, веќе неколку години работам, и не сум само јас, на развој на овие работи. Една работа што мислам дека може да се заклучи е дека сите овие горенаведени мора да дознаат што се нуди интернетот како платформа за промоција и како треба да му се пристапи за да може да е очекуваат подобрени резутати.

Току затоа, како прва од серијата обуки кои Центарот за нови медиуми си ги постави во својата агенда решивме да биде токму оваа за Основи на Интернет огласување. Потесната целна група за која ја скроиве оваа еднодневна обука опфаќа: директори на продажба и маркетинг, маркетинг и ПР агенции (медиа директори и закупувачи на медиумски простор) и менаџери на мали и средни компании.

На обуката, посетителите ќе добијат одговор на следниве прашања:

  • кои се основни карактеристики на интернет огласувањето?
  • кои се предностите и недостатоците кои ги нуди оваа форма на огласување?
  • како да ги комбинирате различните начини на таргетирање?
  • како може да ја следите ефективноста на вашата кампања?
  • какви типови на огласи постојат кој за што е најдобар?
  • што е контекстиално рекламирање и како да го употребувате?
  • на кои социјални медиуми да се рекламирате и како да го направите тоа успешно?
  • како да процените на кои веб страници е најдобро да се рекламирате?

Краен рок за пријавување и уплата е 08.12.2009

Бројот на учесници е ограничен на 15 заради задржување на квалитетот на содржината и можноста да се посветиме соодветно на сите учесници. а тука може да се симне детална агенда: Основи на Интернет огласување (pdf 120KB)

Се разбира, доколку ти се види обукава корисна, ќе ни биде задоволство да бидеш дел од неа. Доколку оваа тема не те интересира, проследи ја до некој на кој мислиш дека ќе му биде од корист а ти следи ги следните објави во следните неколку месеци, ќе има обуки и на други теми 🙂

3 коментари на “Мора од некаде да се почне – Обука: Основи на Интернет огласување”

  1. Анонимен

    многу скапо .. се работи за еднодневна обука и тоа основна, а не напредна ..

  2. melbourne airport ex

    E. W. Dijkstra~ The question of whether a computer can think is no more interesting than the question of whether a submarine can swim.

  3. School

    Apple now has Rhapsody as an app, which is a great start, but it is currently hampered by the inability to store locally on your iPod, and has a dismal 64kbps bit rate. If this changes, then it will somewhat negate this advantage for the Zune, but the 10 songs per month will still be a big plus in Zune Pass' favor.

Коментарите се затворени.