ADLog назад меѓу живите

Некаде на почетокот на оваа година се појави првата фракција на блогов, ја нарековме ADLog и и поставивме цел да собира локална и регионална креатива, рекламна се разбира, со цел промоција и подигнување на нивото.

Некаде кон крајот на август, некој куршлуш од непознати видови го умртви блгот, т.е. го направи недостапен. Вчера успеав да го лоцирам и елиминирам, и сега блогот е назад во живот.

Но, ADLog од вчера има уште една новина. Има уште еден автор. Марјан Забрчанец. Тој е автор на блогот Големата Слика и дел од креативната индустрија. На мој предлог, вчера, за неколку секунди реши да стане дел од овој блог.

Епа доста е читање, ајде трк да на блогот и не заборавај да го ставиш и него во твојот омилен фид ридер. Ние ветуваме нема да го полниме вашето сандаче многу често :)


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Marketing and tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

1 коментар на "ADLog назад меѓу живите"

Коментирај!