Media & Marketing Blog

Имаш 24 часа вишок, таман за првиот 24-часовен видео спот на Фарел Вилијамс

Лесно е да се рече биди иновативен, тешко е да се биде! Во дигиталниов свет навистина има премногу работи кои може да те инспирираат и да ти отворат шанса да бидеш навистина иновативен. Но, не е ни од далеку не е така лесно како што изгледа.

Happy-Pharrell-Williams

Да ти падне на ум да креираш спот кој трае 24 часа е луда идеја сама по себе, ама да седнеш да ја направиш и да склопиш ваква „болештија” од сајт…. е тоа е подвигот. Еве ја приказната:

Hailing from the “Despicable Me 2” soundtrack, “Happy” repeats throughout the 24-hour footage, following the fancy footsteps of Skateboard P and friends throughout Los Angeles. Cameos come from Steve Carrel, Tyler The Creator, Magic Johnson, and many other smiled strangers. via Huff

Целото видео може да го погледнете на 24hoursofhappy.com. Ако немаш баш цел ден можеш да се префлаш од сцена на сцена, во различни делови од денот но песната ќе си продолжи каде што застанала. Минимален дизјан кој не го руши искуството и секако опциии за споделување. Еве јас решив со блог пост да го споделам.

Да бидам искрен ќе бев мноооогу повеќе фасциниран, а не дека сега не сум, ако снимката беше без прекин, 24 часа без престан… 😀

Фала @indog за препорака.

update: малку го доработиле дизјанот… или работна верзија фативме, сега е поприфатлив за општо користење.

Happy-Pharrell-Williams-new