Media & Marketing Blog

Content isn’t king

Како тргна приказнва. Го читав посот на Paul Bradshaw – 1000 things I’ve learned about blogging и меѓу многуте корисни работи (некои веќе познати, некои нови) наидов на еден линк кон BoingBoing каде Cory Doctroy преку еден фин пример вели: Content isn’t king.

Content isn’t king. If I sent you to a desert island and gave you the choice of taking your friends or your movies, you’d choose your friends — if you chose the movies, we’d call you a sociopath. Conversation is king. Content is just something to talk about.

Не е ново ова, постот таму е од октомври 2006 ама баш ми се допаѓа. И ме потера да размислам за локалнава ситуација.

Кој владее кај нас? Содржината или конверзацијата?

Ако судиме според популарноста на сајтовите со веси од типот на Нетпрес, Кирилица и останати од редот на тв куќи и весници тогаш дефинитивно кај нас содржината е уште таа која владее. Кај нив се знае повеќе содржина во текот на денот повеќе посети и поголема популарност.

Но ако само малку се фрли поглед на нечиј екран додека е на работа без проблем ќе се забележат два препознатливи прозора. Skype и треската Facebook. И на двата длабоко во основата им лежи конверзацијата, поврзувањето, комуницирањето, интеракција едни со други, човек со човек. дури и вести се конзумираат преку нив, некои корисни некој и не баш корисни.

Ај сега уште еднаш. Кој владее кај нас? Содржината или конверзацијата? А?

4 коментари на “Content isn’t king”

  1. Anonymous

    Мислам дека постов повеќе е напишан како провокација за дискусија, ама еве јас се најдов испровоциран 🙂

    Содржината и конверзацијата се недливи и најчесто немаат смисла една без друга. Конверзација без некоја содржина како подлога е само празно зборување. Меѓутоа и содржината ако остане сама за себе и не предизвика некоја конверзација, ја промашува поентата.

    Значи вистинскиот одговор е и содржина и конверзација 🙂

  2. Darko Buldioski

    Е да, провокација е 🙂

    Се сложувам, двете се важни, но и по твоиве аргументи испаѓа дека конверзацијата е по-главна 🙂

    Конверзација без содржина скоро и да нема, освен на Facebook :)))), а содржина без конверзација има, ама па тоа значи дека не ја бива. шо значи ако не ја бива не може да биде king 🙂

  3. ribaro

    Кај нас дефинитивно е конверзацијата. па дури и на facebook. 90 % се окупирани со некои безвеза зачленувања во групи и сл. а ептен малку се споделуваат корисни работи. Погледни ги профилите од мк на facebook.

    Само мислам дека не е тоа поентата на постот 🙂

Коментарите се затворени.