Media & Marketing Blog

Conference: Glocal 2.0 Blogging – Evolution Treated as Revolution

Conference: Glocal 2.0 Blogging - Evolution Treated as Revolution

Изминативе неколку недели дел од своето време го посветив на една многу убава работа, која треба да се случи на почетокот на Мај следната година. Се вика Glocal 2.0 Blogging: Evolution Treated as Revolution и е втората по ред конференција која ја организира New York University Skopje (NYUS) односно нивниот оддел за студии по комуникации и медиуми.

Првата конференција беше организирана пролетва и јас и Сеад учествувавме со презентација. На оваа, вторава нашата (особено мојата) улога ќе биде малку поактивна со оглед на темата.

Ја прифатив поканата да бидам дел од Организациониот одбор на оваа конференција и во име на истиот ве поканувам да земете активно учество. Повикот за пријавување теми е објавен на официјалниот блог/сајт на конференцијата.

Еве ги темите:

1. Blogging and Journalism
2. The information flow within the blogosphere
3. Topical clusters in the blogosphere
1. Topical blogs – sports, culinary, politics, etc.
2. PR blogs and blogs in education
4. Citizen journalism in the (g)local framework
5. Forms and consequences of emerging social software practices
6. The political impact of social software
7. Blogosphere vs. Mediasphere
8. Semantic Web (knowledge management, crowdsourcing)
9. Blogs and public opinion
10. Workshop(s) – Step by step blogging

Повеќе детали: Call for papers или pdf верзија: Glocal 2.0 Call for papers

Technorati Tags: , , , , , , .