Media & Marketing Blog

Foursquare Super Swarm Фестивал 2011

Дали се сеќавате кога во февруари нашите Foursquare корисници го запоседнаа Рамстор со чекирање, се со цел да ја отворат Swarm значката? Тогаш беа потребни само 50 чекирања, a се чекираа вкупно 230 корисници. Swarm значката, онаа обичната :), беше отклучена, но уште поважно е што искуството беше навистина забавно и интересно.

Сега NewMedia.mk (ние), RamstoreMall и повторно 365.cоm.mk одлучивме дека е време пак малку да се забавуваме, ама на малку посериозно ниво. По успехот со отворањето на Swarm беџот, сега целиме кон отворање на Super Swarm значката, за која се потребни 250 чекирања. Спремни?

Foursquare Super Swarm Фестивал

На 04.12.2011 од 13:00 до 16:00 часот во ТЦ Рамстор се организира Foursquare Super Swarm Фестивал за отклучување на Super Swarm беџот. Она што е најбитно тука да се истакне е дека ова е првиот собир на Балканот за отклучување на оваа значка. Ќе ни требаат најмалку 250 корисници на социјалната мрежа Foursquare да се чекираат во ТЦ Рамстор за после да се фалиме дека овој фестивал (прв на Балканот) бил успешен нели.

Дел од “станарите” на Рамстор решија да ја поддржат идејата и да се вклучат во фестивалот. Со своите понуди и награди, тие сакаат дополнително да ги мотивираат корисниците да дојдат и да се чекираат за да можеме да ја отклучиме Super Swarm значката. Секој кој ќе се чекира ја отвора можноста за добивање бесплатна веб камера, маица со Super Swarm значката, бесплатен паркинг, вредносни ваучери, и многу други попусти во кафулињата и рестораните во ТЦ Рамстор.

Што е потребно за учество во настанот?

Сè што ви треба е Foursquare сметка и телефон кој може да се поврзе на интернет.  Препорачливо е да имате телефон со GPS локатор. Доколку немате телефон со Foursquare апликација и GPS локатор, тоа не е причина да не дојдете на собирот, затоа што може да се чекирате и преку http://m.foursquare.com.

Foursquare собирите за добивање на групни беџови не се ништо ново како во светот, така и кај нас.

Се гледаме во ТЦ Рамстор во недела помеѓу 13:00 и 16:00 часот. Дојдете, чекирајте се и забавувајте се! И не заборавајте да ги известите пријателите кои користат Foursquare!