Media & Marketing Blog

Секоја страница е насловна страница!

Информативните сајтови денес се во борба за повеќе посетители и поквалитетни посети, што би значело преглед на повеќе содржини при една посета. Во најголема мера за ова се „виновни” социјалните медиуми, затоа што тие не научија да кликаме на вест и да да ја затвориме веднаш потоа, за да се вратиме назад на својот персонализиран тајмлајн.

Информативните сајтови континуирано се трудат да изнајдат решенија како да го намалат т.н. bounce rate. Стандардна пракса стана препорачани написи под написот кој го читате, најчитани и најнови од десно во сајдбар и сл. Постојат повеќе различни препораки, но денес забележав една одлична стратегија и техничка имплементација од страна на businessinsider.com

 

Screen Shot 2014-11-28 at 4.21.54 PM

 

Слетав од FB на вестa: The European Parliament Just Voted To Break Up Google и откако ситгнав до долу со читање, сфатив дека на скрол назад, горе над целото основно мени се отвара цел нов дел кој всушност е главниот дел кој го има една насловна страница на информативен сајт: Featured, Trending, Recent…

Мене ептен ми се допадна. Промената на начинот на размислување и конечно прифаќање дека секоја страница е насловна страница и дека околу 80% од посетите на информативен сајт доаѓаат на внатрешни страници и никогаш постителите не ни пристапуваат до насловната е клучна промена во задржување на вниманието на читателот и градење на релевантен медиум. За жал, иако голем дел од МК сајтовите зависат токму од FB не сум приметил дека премногу се трудат околу овој дел… или можеби не сум забележал.. имаш некој пример?

Дополнето (03.12.2014)

СретнаScreen Shot 2014-12-03 at 11.09.30 AMв уште еден одличен пример за задржување на читател подолго на една страница. Thedailybeast.com за секој свој напис отвара листа од 5 написи за читање кои се вчитуваат автоматски штом ќе го отворите да го читате првиот. Интересниот дел е што написите се надоврзуваат надолу со скролање, ако немате остро око може и да не приметите дека горе се менува и адресата во прелистувачот и дека од десно има и т.н. прогрес бар кој ви кажува до каде сте со читање на секоја поединешна сторија. Ептен јако!