Media & Marketing Blog

Dove me tender, Dove me sweet

Стратегиите на PR-креативците, од гледна точка на публиката, понекогаш земаат неочекувани или чудни патишта. Една од таквите „неочекувани“ аберации беше (или е) кампањата на Dove Campaign for real Beauty“, со своевиден обид да ја редефинира индустријата за женска убавина и да ги стави во преден план „несовршените“ женски лица и тела како модели и промотери на своите производи и услуги .Dove

Темата веќе беше дискутирана нашироко, а меѓу другото и низ македонската блогосфера, т.е. кај Џаман.

Кампањата, иако прилично успешна, и видена како нешто ново и „похумано“, иритираше многумина кои се сомневаа во нејзината искреност (морам да признам дека малкумина од скептиците беа од женската страна, ова само од лични дискусии и впечатоци). Конечно, се разобличи и оваа приказна така што беше потврдено дека зад кампањата на Dove стојат истите оние кои сстојат и зад рекламите на Axe, во која женските ликови се претставени небаре се робинки на машката потенција кои само чекаат да бидат иницирани, од парфем во случајов.

Citing the hypocrisy inherent in Unilever’s marketing Dove products by promoting “Real Beauty” for girls while simultaneously advertising Axe Body Spray by degrading them, the Campaign for a Commercial-Free Childhood (CCFC) has launched a letter-writing campaign to Unilever demanding that they end their Axe advertising.

Dove’s viral video attack on beauty advertising has produced a surprisingly strong and enduring blowback against Unilever from activists, newspaper op-ed writers, bloggers and videographers who see it as hypocritical coming from the same company that markets Axe.

Ова искуство може само да нé потсети на предуредувањата на многу културолози дека корпоративната логика нема никакви допирни точки со етичноста, таа напросто е „а-морална“, т.е. е потполно отуѓена од моралноста како критериум. Со други зборови, таа не е приклонета ниту кон моралноста ниту кон неморалноста, ами се води од својата единствена системска логика „продај што повеќе на кој било начин“, па ваквите трикови од типот на „Campaign for real Beauty“ имаат за цел само преку нешто поинаква емпатија да им се приближат на купувачките.

Иако нешто потзатскриена од останатите, оваа маркетингшка метода не е нешто особено револуционерна и е позната во теоријата како „метода на огледало“ (ликовите кои рекламираат личат на нас), за разлика од „методите на прозорец“ (ликовите кои рекламираат се идеализирани и ни се нудат како модели, role models, за градење на стил или идентитет).

2 коментари на “Dove me tender, Dove me sweet”

  1. darko156

    Сега гледам зашто ја „вареше” темава, 5 дена 🙂

    Одлично.

    Те молам стави линк до видеото со мискот од двете реклами, да има малку и забавна компонента постов 😉

  2. sead93

    Falas, ok, ke go napravam toa od doma popladnevo, na rabota streaming yok 🙁

Коментарите се затворени.