Media & Marketing Blog

Имате денешен Дневник?

ОВА НЕ Е РЕКЛАМА

Во петокот вечер, некаде оклу 20:00 ми текна дека за потребите на моето академско образование ми е потребен дневниот (петочен) број од дневниот весник Дневник.

Се наоѓав во Карпош, карши Зоолошка, и си реков ај по пат накај дома ќе најдам на трафика денешен број, веројатно сеуште не се донесени утрешните.

И тука започна невозможната мисија. Почнав карши фонтана, продолжив низ центар, па на југодрво, па на тобако2, па низ Аеродром за на крај да стигнам до Н. Лисиче и да се приберам дома околу 21:00 БЕЗ денешен Дневник.

Застанав на точно 11 места, на ниту еден киоск, трафика, продавница (што и да беше) немаше останато копија од актуелниот број на Дневник. Дури на Тобако2 ми рекоа дека го распродале тиражот уште попладнето, демек одамна немало. По пат сретнав и еден дистрибутер на МПМ. За момент помислив дека проблемот ми е решен, но тој носел прва тура од новиот (саботен) број, не повлекувал стар број и беше зачуден како може никаде да не останал ниту еден број. Тетката во дуќанот кај мене во зграда нервозно ми рече дека многу малку весници и остаиле и дека одма ги продала.

Не се обидувам да излечам заклучоци, ама да ми раскажуваше некој не знам дали лесно ќе му поверував.

Знам дека мојава приказна не е толку неверојатно колку оваа, но сепак јас останав без Дневник од петок, и побогат за уште едно лично искуство врзано со весниците во МК.

ОВА НЕ Е РЕКЛАМА

4 коментари на “Имате денешен Дневник?”

  1. Ико

    Од доста сигурни извори дознав дека во средата, кога заедно со Дневник оди и ТЕА Модерна, на цела територија на МКД скоро и да не останале непродадени примероци… според проценките, само околу 2-3% !

    Сакав да слушнам твое мислење за „медиумскава војна“ меѓу МПМ и Време… Време+Шпиц=5 денари, Дневник+ТЕА=15 денари… До каде и до кога ќе оди сево ова? Време ја достигнаа долната граница на цената и следно нешто што би можеле да направат е Време да биде бесплатно… Качување на цената би бил самоубиствен потег (со оглед на квалитетот кој се нуди). Дневник (мислам на МПМ општо) исто така дојдоа до некоја долна граница…

    Дали не мислиш дека е попаметно да се инвестира во квалитет одошто со атрактивна цена да се крева тиражот и продажбата?

    Јас добивам впечаток дека примарна работа која го привлекува читателот во МКД е цената, а не квалитетот.

  2. darko

    Уште пред многу години кога во еден друг бизнис се појавија момци кои преживуваа на пазар со рушење на цена, сфатив дека тоа не е најдоброто решение, и дека прашање на време е само кога сите заедно (цела фела)ќе зажалат. Оттаму симнување на цена не е нешто што сакам.

    Одговорот на твоето директно прашање го имаш во твојот коментар

    Качување на цената би бил самоубиствен потег (со оглед на квалитетот кој се нуди)

    и индиректно во еден мој претходен пост: Колку чини во Македонија…

  3. darko156

    Сум заборавил да ти одговорам на последниот дел од коментарот 🙂

    Да примарна е цената, ама и за тоа си има логичен одговор. Медиумската писменост на Македонците е на едно лошо (да не речам ниско) ниво. Степенот на едукација општо, е на исто така лошо ниво, не знам дали се сеќаваш пред неколку месеци имаше една инфомација каде се велеше дека според некое истражување знаењето што децат во МК го добиваат било многу ниско.

    Од друга страна сиромаштијата и безработицата се реален проблем и не остануваат многу пари за информирање. Но така ни е поставен и развиен системот, целиот медиумски ситем, исправање, или менување преку ноќ не е возможно.

    Сепак јас сум убеден дека квалитетот на крај ќе си остане ценета работа, без разлика на цената. Квалитет си е квалитет.

Коментарите се затворени.