Media & Marketing Blog

Сменете ја агендата

Во интервјуто (Јас одговарав, .аНТИ прашуваше) кое минатата недела беше објавено во Форум Плус (нема да ставам линк бидејќи страницата на месечникот ФОРУМ не е соодветна) на едно место напоменав дека блоговите во одредени случаи се способни да ја променат агендата на традиционалните медиуми.

Иако за волја на вистината тоа многу поретко се случува во споредба со обратниот процес, сепак, низ светот помаркантните примери остануваат забележани и “воспевани” подолго време. Се разбира величењето го прават блоговите, кој друг?

Токму еден ваков пример деновиве се случил во Индија. Таму во случај со некое убиство, неколку блогери констатирале дека традиционалните медиуми не му посветиле доволно внимание, и се обиделе да ја интензивираат оваа тема.

In the immediate aftermath of Manjunath’s murder (November 19th) little coverage was given to the event in the mainstream media. On November 21st and 22nd the blogs Vantage Point and India Uncut both published posts condemning this lack of media coverage. A blog was then set up by the murdered man’s friends, called Remembering Manjunath.

Уште истиот ден имало реакција.

This blogsphere activity spurred on coverage in the mainstream media: “a trickle had begun. The same day, two newspapers, one news channel and a website carried the story. On November 25, 11 stories appeared in print and channels ran marquees with condolence SMSes.”

Целата приказна можете да ја проследите на тука или тука

Заклучокот е:
The world over, citizen journalism is inspiring (or coercing) main stream media into take participatory journalism seriously. Blogs play a significant role in both, and like in the present case, may be examples of both at the same time.

МОЖЕБИ е време да ги отвориме очите и да си ја испробаме силата. Не велам дека сега по секоја цена мора да измислуваме или да се обидуваме да актуелизираме некои работи, туку сакам да амелирам на ОТВОРАЊЕ ОЧИ

Извор: Editors Weblog