Media & Marketing Blog

Ние на #blogomanija

Е да, бевме, видовме и супер си поминавме.

Некои од деталите не се раскажуваат, некои мора да се доживеат, а останатото сигурно и ќе го прочитате деновиве по разни блогови и други медиуми, ако ве интересира како помина годинешнава Блогоманија

Кога го пишав насловот „Ние на #blogomanija” во моментот единствено во глава ми се вртеше само „@darko156 на #blogomanija“. Да, Дарко оваа година беше еден од предавачите.

@darko156 на #blogomanija

На тема „Првиот Инстаграм фото – конкурс во регионот“ зборуваше за нашите познати #letogram и #zimogram, од идеја до реализација, па до резултати. Презентацијата доби одлични коментари. Некои од нив:

 

Мене, посебно драг постот на @netokracija. А бидејќи во моментов имаме проблем со embed post од Facebook, еве ви скриншот што пишаа таму:

Netokracija - [STUDIJA SLUCAJA #letogram]

Блогоманците се погрижија да ги гледате сите презентации и панели преку стрим, а сега ги објавуваат и една по една.
Еве го и видеото со Дарко:

Кој не стигна да оди, има зошто да му биде криво. Секоја чест до организаторите, навистина прават нешто фантастично.

 

За нас останува да се надеваме дека останатиот дел од нашата МК екипа (@darjanr и @stariot) ќе пристигнат безбедно назад.


И се надеваме дека догодина ќе бидеме уште побројни и со помалку инциденти.