Media & Marketing Blog

Imagining the Future of Newspaper

Дали сака некој да дознае како ќе и згледаат весниците во Македонија во 2040? Поедноставно е отколку што изгледа. Изминативе неколку месеци, да не речам цела година, светскиве здруженија на весници и сл. беа опседнати со иднината. Овие светскиве правеа збирка на текстови (небаре) стручни за тоа како ќе било во 2020, а американциве без да одредат година направија блог каде замолија некои видни чичковци да пишат (горе/долу) на истата тема.

Значи едноставно е. Читате што се прогнозира во светот за 2020 и автоматски ги читате прогнозите за Македонија за периодот 2040-2050.

Светскиве ја објаснуваат нивната инцијатива вака:

What will the newspaper look like in 2020? The World Association of Newspapers asked 22 futurists, academics, industry insiders, internet pioneers and other media experts to envision the newspaper of the future, and their responses say much about the present state of the newspaper business. …Futurists Envision the Newspaper in 2020

И викаат повеќе детали тука: http://www.futureofthenewspaper.com/ ама зажал бараат и регистрација, па утеха е блогот: http://www.sfnblog.com/

Американциве, се некако по фер, па ај што ги објавиле текстовите на блог: FutureOfNewspapers туку не ги мрзело и да ги спакуваат во еден убав пдф документ.

future of newspapers

PDF – 980 kb

На оваа тема, за овој пост, толку од мене. Кого го интересира нека чита. Јас ќе морам да си го испринтам ова, изгледа интересно ама не можам да читам 72 страни пдф на екран.

2 коментари на “Imagining the Future of Newspaper”

  1. Rogi

    Поздрав до идејата на страницава. Отсекогаш ме интересирале комуникациите (особено оние лице в лице и преговарањето).

    Драго ми е што има луге кои се посветиле на темата.

  2. darko156

    Фала за коментарот Роги, за жал овде нема многу на твојата омилена тема, ама има доста други работи. 🙂

Коментарите се затворени.