Media & Marketing Blog

Повеќе е помалку (или по краток блок вести се враќаме на рекламите!)

Не сум сигурен дали некој веќе во локалнава блогосфера ја допрел темава (Дарко коментирај ако треба, плиз), но јас ќе се преправам како да сум го „измислил проблемов“ и ќе напишам „одважно“ што мислам за тоа. Се работи за вестите и рекламите во нив или поточно за рекламите и вестите во нив. Присутноста на рекламите според мене во тв-вестите доби безобразно грандиозни пропорции што допрва сега мислам дека го сфаќам значењето на онаа гномската на нашите постари „Кај отиде светов?!?“. Да, да знам дека тие „као“ живеат исклучиво од реклами, но што е многу многу е.
Значи шемава е следна: Сакате да гледате вести? Е па пуштете ги соодветните вести што ги следите или што ќе ви налетаат, видете ги „главните вести“ во воведниот дел, свртете на некоја музичка телевизија или на Fashion TV едно 7-8 минути и вратете се да ги одгледате вестите кои ве интересираат или засегаат, сеедно. Кога ќе заврши блокот (домашни, економски и други вести) повторете го истото во времетраење од 5 минути, па вратете се на истите.

Vesti

Значи, никој нема против телевизиите да си имаат многу спонзори и среќно да си живеат со нив „ever after“…но за што овде всушност станува збор? Ај да не кажам дека така не се прави на запад или тоа го нема во препораките на Европската комисија, туку ќе кажам: Па за што не мислат тие? За некои дебели дебили заседнати фасцинирани пред ТВ кои онака ги мрзи да го помрднат прстето на далечинското и впиваат се што ќе натрупаат во нив?

Значи, насловот на постот би реферирал кон некаква идеја дека повеќе реклами е помалку рекламен ефект, но тоа и не е толку битно, за мене барем битно е што медиумската (не)писменост кај нас е двострана, значи не се само гледачите тие кои најчесто се неписмени медиумски (сепак мислам дека доволно се писмени за да ги одбегнат или игнорираат спомнативе рекламни шеми), туку и самите медиумски актери се прилично неписмени и ги потценуваат своите конзументи кои им ги продаваат на своите спонзори.

Да беше ова некој „мифка“ медиумски прилог ќе употребев синтагма „некои медиуми“ и „фино лепо“ ќе си ја пренесов пораката, но бидејќи тоа не е случај, еве ја мојата топ листа на тв-куќи најконтаминирани со прекумерно количество на реклами во информативните емисии:

3. Сител

2. А1.

1. Канал 5.

8 коментари на “Повеќе е помалку (или по краток блок вести се враќаме на рекламите!)”

  1. darko156

    Cost effectiveness е магичниот збор, изгледа.

    Мала паралела. една од најлегитимните и најчесто спомнувани причини зошто мејнстрим медиумите не ставаат линкови на своите онлајн стории е за да не им избега публиката надвор од нивниот сајт. Паралелалта е очигледна.

    Втора работа: Сеад, комплетно се сложувам со тврдењето дека и самите медиумски актери се медиумски неписмени, и пред се долгорочно без никаква економска одржливост.

    Тие посотојано ја намалуваат цената на рекламата, прават невидени цесии и пребивања по секоја цена, а забораваат дека рекламниот простор им е (со закон) ограничен.

    Доколку седнат и еснафски пресметаат колку минути реклама има ефект, и пресметаат колку нив пари им требаат по некоја (малку опсложена) математика ќе видат колку релано би требало да чини реклама. И оној кој му треба и може ќе се рекалмира, оној кој не може има други поефтини начини и места за рекламирање, се разбира (условно) со помал ефект.

    Темава е долга и широка, а мене денес ми тргна со кометариве. Еве само уште една паралела, за истата таа Cost effectiveness плачат и Шпиц (дневниот весник) Имале најмногу читатели ова, она. А колку време читателот го држи во рака нивниот весник?? Колку внимание му посветува додека го чита?

    Доста е 🙂

  2. Стеван

    Телевизиите се ограничени на 12 минути реклами и 3 минути промоцијата на сопствената програма во еден саат (можеби сум згрешил некоја минута, утре ќе проверам па ќе напишам нов коментар ако сум згрешил).

    Колку што знаам јас, во А1 Телевизија се придржуваме до ова правило. Јас го правев прегледот кој на маркетинг службата и кажува дали во некој термин е пробиено ограничувањето и гледам дека го користат постојано.

    Доколку сметате дека телевизиите не се придржуваат до овие правила, претпоставувам постои некој правен механизам за да се пожалите.

    Што се однесува до линковите, на a1.com.mk ставаме линкови, најчесто во вестите во категориите „Занимливости“ и „Наука/техника“ и тоа доколку отцениме дека со тоа ќе понудиме повеќе информации за посетителот. Во останатите категории обично нема до што да се линкува.

    Воопшто не се плашиме дека публиката ќе ни побегне и онака луѓето „90% од времето го поминуваат на другите сајтови“ 😉

  3. darko156

    Стеван еве еден класичен пример каде сте можеле да поставите линк до изворот на веста, или во овој случај до комплетнииот ивештај.

    претходен пост

    Вакви примери има секојдневно.

  4. sead93

    Ref comment by Stevan:

    Фала за коментарот, само да потврдам дека нема никаква априорна негативна намера во сета оваа мини-дискусија, просто станува збор за став на вообичаени гледачи заинтересирани за подобри стандарди во медиумите но не и до тој степен да се жалат или нешто во таа смисла. Стратегијата на гледачот кога се смета за погоден е игнорирање на медиумот а за правни мерки си има и институции и невладини организации и слично.

    Сега не сакам јас нешто да ги учам медиумите што треба да прават па така фокусот на постот и на првиот коментар на Дарко беше дека ефектот на рекламите пласирани во ваква локална форма и рекламни пакети од 7, 8 или 9 минути е апсолутно сосема намален (period). Во прилог на конкретноста на муабетот можам да кажам дека денес ги мерев вестите на Канал 5 од 17:00ч и само првиот блок траеше 7 минути, а до крајот на вестите имаше уште барем два блока (пред вестите од економија и спортот) од по 4-5 минути, така што барем во овој случај не се баш 12м. Значи станува збор за временски период за вести кој се разликува од други видови програми. За вестите на А1 не забележав некоја воочлива разлика но и тоа лесно може да биде измерено.

    Сега битна страна се комерцијалните фактори и разни спонзори кои кога ќе го разберат истово едноставно ќе направат „game over“ и тогаш некој ќе стави прст на чело и ќе размисли што не фукнционира.

  5. GoodBytes

    Мене не ми треба закон за да ми каже дека некоја телевизија претерала со реклами. Еве бидејќи се јави Стеван Т. од А1, јас сметам, значи според мојот вкус, А1 дава премногу реклами додека одат вестите.

    Мене лично ми е заморно да пратам такви вести, или ако сакаш, губење на време ми е.

    И мене не ми е целта да напаѓам одредена ТВ куќа, туку само како (се поретко) конзумент на ТВ програма, да си кажам што доживувам додека ја гледам вашата телевизија. Ако веќе можам да бирам, јас би платил за неколку избрани канали, каде ќе има содржини кои мене и моето семејство не интересираат и каде ќе нема реклами.

    Исто така, мислам дека претераното количество реклами подобро ќе го регулира пазарот, отколку законот.

  6. Баждарџија

    Целата ситуација со вестиве и рекламите, преку една реченица, најдобро ја отслика Борјан Јовановски (спикер и новинар во Сител):

    „После краткиот блок на вести, се враќаме на рекламите“

  7. Komunikacii » Каде е сајтот за Охридскиот договор?

    […] Веќе неколку пати коментираме(јас и Сеад) на тема линков на сајтовите на трад. медиуми. Во еден наврат еден вработен во А1 е побуни (тука), но еве сега повторно се укажува таква шанса. А1: По проблемите што на почеток ги имаше со интернет мрежата, вицепремиерот Селмани успеа да го промовира интернет сајтот на Владата, посветена на Охридскиот рамковен договор […]

  8. Carey Figueron

    hey there and thank you for your info ? I’ve certainly picked up something new from proper here. I did however experience several technical points using this website, as I skilled to reload the website a lot of instances previous to I could get it to load properly. I had been considering in case your web hosting is OK? Now not that I’m complaining, however sluggish loading circumstances times will often affect your placement in google and can harm your quality rating if advertising and marketing with Adwords. Anyway I’m adding this RSS to my email and could look out for a lot extra of your respective interesting content. Make sure you update this once more soon.

Коментарите се затворени.