Повеќе е помалку (или по краток блок вести се враќаме на рекламите!)

Не сум сигурен дали некој веќе во локалнава блогосфера ја допрел темава (Дарко коментирај ако треба, плиз), но јас ќе се преправам како да сум го „измислил проблемов“ и ќе напишам „одважно“ што мислам за тоа. Се работи за вестите и рекламите во нив или поточно за рекламите и вестите во нив. Присутноста на рекламите според мене во тв-вестите доби безобразно грандиозни пропорции што допрва сега мислам дека го сфаќам значењето на онаа гномската на нашите постари „Кај отиде светов?!?“. Да, да знам дека тие „као“ живеат исклучиво од реклами, но што е многу многу е.
Значи шемава е следна: Сакате да гледате вести? Е па пуштете ги соодветните вести што ги следите или што ќе ви налетаат, видете ги „главните вести“ во воведниот дел, свртете на некоја музичка телевизија или на Fashion TV едно 7-8 минути и вратете се да ги одгледате вестите кои ве интересираат или засегаат, сеедно. Кога ќе заврши блокот (домашни, економски и други вести) повторете го истото во времетраење од 5 минути, па вратете се на истите.

Vesti

Значи, никој нема против телевизиите да си имаат многу спонзори и среќно да си живеат со нив „ever after“…но за што овде всушност станува збор? Ај да не кажам дека така не се прави на запад или тоа го нема во препораките на Европската комисија, туку ќе кажам: Па за што не мислат тие? За некои дебели дебили заседнати фасцинирани пред ТВ кои онака ги мрзи да го помрднат прстето на далечинското и впиваат се што ќе натрупаат во нив?

Значи, насловот на постот би реферирал кон некаква идеја дека повеќе реклами е помалку рекламен ефект, но тоа и не е толку битно, за мене барем битно е што медиумската (не)писменост кај нас е двострана, значи не се само гледачите тие кои најчесто се неписмени медиумски (сепак мислам дека доволно се писмени за да ги одбегнат или игнорираат спомнативе рекламни шеми), туку и самите медиумски актери се прилично неписмени и ги потценуваат своите конзументи кои им ги продаваат на своите спонзори.

Да беше ова некој „мифка“ медиумски прилог ќе употребев синтагма „некои медиуми“ и „фино лепо“ ќе си ја пренесов пораката, но бидејќи тоа не е случај, еве ја мојата топ листа на тв-куќи најконтаминирани со прекумерно количество на реклами во информативните емисии:

3. Сител

2. А1.

1. Канал 5.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Media, Society. Bookmark the permalink.

7 коментари на "Повеќе е помалку (или по краток блок вести се враќаме на рекламите!)"

Коментирај!