MULTIVAC во ликот и делото на Google и Facebook?

Приказнава е малку комплексна, па затоа најдобро по ред.

Првин од Дарко (10х) бев запознаен со ова интересно видео чија тема, како и на цел бран критики кон Гугл, Фејсбук Мајспејс, и сл, е загрозувањето на приватноста на корисниците, и како тоа може понатаму да биде злоупотребено:

Потоа листајќи некои записи за Исак Асимов се потсетив на неговиот концепт за „MULTIVAC“, кој се пројавува во неколку негови приказни. Се работи за супер моќен компјутер кој собира податоци за сите можни нешта на планетава, вклучително и луѓето, со цел да ги решава проблемите со кои се соочуваме. Сепак, колку и да е моќен, и интелигентен MULTIVAC е сепак машина која повеќе создава отколку што решава проблеми, и околу тоа и се врти и приказната „Сите проблеми на светов“, на која е и базиран тазе филмот „Eagle eye“ (2008).

Човек не може а да не повлече паралели помеѓу онлајн феномените, во прв ред Google и Facebook и MULTIVAC. Можно ли е тие да прераснат во закана од типот на MULTIVAC? Ако еден ден Гугл и Фејсбук се спојат, или ако веќе некој добие можност да ги користи складираните бази и на двете, тогаш MULTIVAC-от ќе биде повеќе од реална закана.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Information Society, New Media, Online, Technology and tagged , , , , . Bookmark the permalink.

Коментирај!