Media & Marketing Blog

[Подкаст #53] Кој твита во Македонија, со Никола Спасов

По пауза од две недели, се вративме со нова епизода во која со @kuzevski и @NikolasTweet се обидовме малку подетално да ги прочешламе и продискутираме резултатите од неодманешното истражување кое премиерно беше претставено од Никола на AllWeb.

Извадивме некои заклучоци и констатации…

– мажи има повеќе од жени, ама жените повеќе прават муабет
– прајмтајм е од 20 до 22 часот
– влијателните се постари од останатите и твитаат повеќе
– потребна е нова дефиниција за влијателен – во меѓувреме Сеад реагираше на темава 🙂
– и ред други работи….

Слушај го подкастот и занемари ги деловите каде сме прегласни, има делови кои се навистина корисни.