Media & Marketing Blog

Buddy Media на тема оптимизација на Facebook News Feed

Еден од ретките долови на LeWeb за кој нема видео стрим во живо на интернет се работилниците. Вчера зборував малку за нив, еве денес со задоволство ќе споделам едно видео од првата работилница дел од вториот ден на LeWeb која ја одржаа Buddy Media. Морам да признаам дека очекував малку повеќе, понапредни работи, но подоцна во разговор со Luca Benini, директорот на европскиот оддел на Buddy Media разбрав дека заради публиката тие одлучиле да одат со побазични презентации и покрај тоа што имаат што да споделат за понапредни корисници.

Погледнете го видеото па здравје може и ќе снимиме нешто со Luca па ќе го објавиме и тоа.

Патем на презентацијата зборува Nathan Jones, Account Manager од Buddy Media.