Media & Marketing Blog

Под Итно !!! потребна е сета можна интервенција

Постов го пишувам крајно изнервиран и максимално згрозен од она што штотуку го видов на најгледаната национална телевизија (линк).

Дефинитивно на Македонија и требаат сите можни нови медиуми, Citizen Journalism, партиципациски медиуми, блогови, wiki-станици и се што во моментов не ми текна да го набројам е не е традиционален медиум.

Денес во првите три хали на Скoпскиот Саем беа отворени две саемски манифестации. Еднатa беше саем на општините и градовите во РМ во организација на ЗЕЛС (програма), а другата беше петтиот саем на невладини организации (НВО Саем) во организација на МЦМС (програма).

Да се вратам назад. Во вестите на А1, вечерва имаше прилог за овие две манифестации. И од прилика одеше вака:

Денес на саем се случи панаѓур на општините и саем на невладините организации.

И потоа следуваше прилог за неуспешно организираната панел дискусија на градот Скопје во која тие сакале да ги чујат проблемите на граѓаните за сообраќајниот метеж, и оттука уште две три реченици за тоа каде имало метеж низ нашиот главен град.

И ТОЛКУ

Инаку како мало дополнување, НВО Саемот го отворија претседателот на државава Бранко Црвенковски, Ербан Фуере специјален претставник на Европска Унија и шеф на делегацијата на Европска комисија во Македонија, градоначалникот на Велес Аце Коцевски и генералниот секретар на МЦМС Сашо Клековски. Фокус тема на саемот е децентрализација а фокус земја Албанија. (повеќе)

Па сега вие погледнете ја програмата и учесниците на овој Форум на Граѓанското општество па пресудете сами на кој ранг била организацијата и дали заслужила повеќе внимание.

5 коментари на “Под Итно !!! потребна е сета можна интервенција”

  1. Јован

    А кажаа ли како се игра со вртимушката што ја продаваат?

  2. Marija

    Можеби и ќе бидеше нешто од неа да беше во рацете на вистинскиот човек. А вака…

  3. Teko

    Zarem mislis znae nekoj koj nastan treba da se pokrie i prezentira. Siguren sum deka 90% od vremeto nasite takanareceni novinari (cest na isklucocite, koi za zal se malku) go pominuvaat na nivniot "mizeren" blog :-).
    Mnogu od niv otidoa vo USA, EU na strucno usovrsuvanje, no sporeduvajci gi so tamosnite novinari, mozam da kazam deka dzabe si go gubele vremeto.

  4. Anonymous

    Вртимушките не се продаваа, бесплатни беа.

    Можеби улога во тоа што некои медиумски куќи укажаа мало внимание на настанот има и тоа што нивни конкуренти беа „медиумски спонзори“.

  5. Darko156

    Тоа не е оправдание, замислете да не признае Европа, а на тој свечен чин да нема новинар на А1 или на Телма (од некоја тотоално банална причина) дали тоа значи дека нема да ја објават информацијата.

    Медиумите имаат општествена улога, не го заборавајте тоа, колку и да звучи излитено

Коментарите се затворени.