Media & Marketing Blog



[подкаст с2-е14] Facebook Memology, Twitter трендови и акцискиот план на ЗНМ и МИМ

Четирнаесеттиот подкаст од втората сезона на „Комуникации“ заради зафатеност на двоецот Булдиоски-Кузевски, помина во целосна доминација на третиот член на тимот, Сеад. Во стилот на Мишко Талевски од најдобрите „one man show“ денови на Шутел беше презентиран колаж од актуелни теми, како на локален, така и на глобален план.

Во исчекување на освртите на Мите од Mobile Monday бр. 6 и ексклузивата на Дарко од Le Web, послушајте го подкастот и темите:

Facebook Memology 2011,

Топ 10 Twitter трендови за 2011,

Акцискиот план на ЗНМ и МИМ, и неколку други за да ја збогатата дискусијата.

Автор: sead93

sead93 Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.

Leave a Reply

Твојата email адреса нема да биде објавена.