Media & Marketing Blog

Ramon de Leon човекот кој не продава пици

Рамон прв пат го „сретнав” кога ја подготвуваме презентацијата за Social Media Day, денес го гледав во живо на LeWeb и морам да признаам дека бев изненаден. Прво не ни знаев дека типот веќе станал професионален презентер и дека шета и ја раскажува својата лична приказна. Мора да спомнам дека неговата приказна, стилот и енергијата на сцена потсеќа на @garyvee.

Започнав да го снимам неговото излагање малку подоцна, не од самиот почеток но сепак мислам дека додека не се појави официјалното видео од LeWeb ова ќе заврши работа.

Во меѓувреме на Twitter начекав веден супер линк со фотографии од настапот на Рамон и го ретвитав. Не помина повеќе од 30 минути а добив одговор од Рамон. И за да ја испробам новата функција на Twitter еве го твитот подолу.