Media & Marketing Blog

10 #ПрегледВоПеток

За момент помисливме дека оваа недела ќе имаме повеќе линкови поврзани со Google од оние со Facebook, ама по се изгледа тешко ќе ни успее тоа. Ајде одиме со ред, да видиме што @NewMediaMK колективот издвои за вас оваа недела, па на крај ќе видиме кој преовладувал.

  1. Дали некогаш сте се запрашале како изгледаат цртежи на исти иконки од повеќе од 15 милиони луѓе? Веројатно не, ама еден проект го направил токму тоа и сега на јавноста и ја става на располагање оваа огромна база на податоци собрана преку quickdraw.withgoogle.com. Целта може секој сам да си ја дефинира, дали ќе учи патерни, дали ќе развива нови дизајни, или ќе ја користи за развој на вештачка интелигенција… како и да е, забавно е да се разгледува како цртаме и што се е или не е предметот кој сме го замислиле.
  2. Progressive Web Apps. Кога Google вели: Why a progressive web app might be right for you, тоа меѓу редови (или директно кажано) значи дека ви вели, ова ќе има предност кај мене кога рангирам сајтови. Станува збор за решение кое ги комбинира најдобрите елементи од мобилна апликација и мобилен вебсајт. Развиени за да штедат на ресурси и брзина, сега веќе се докажуваат како солидни решенија за вашиот мобилен сајт. Ако (дај боже) размислувате на темава, еве имајте го и ова решение на ум.
  3. Mobile UX. А дека треба сериозно да размислувате за искуството кое вашиот вебсајт го нуди на корисниците на мобилните уреди покажува и напоменува и UX гуруто Jakob Nielsen. Тој ги анализира податоците на Adobe Analytics’ data собрани за време на “Cyber Monday” оваа година од повеќе од 4,500 e-commerce сајтови. Краток заклучок: Mobile UX Still Bad, but Slightly Better
  4. Facebook за деца! Дојде и тој ден, Facebook тргна кон помладата публика. Ја пушти во употреба messengerkids.com апликацијата која, како што велат, нема да има реклами и нема да собира податоци за такви цели. Целна група се деца на возраст од 6 до 12 години, и Facebook сака да му веруваме дека нема да прави лоши работи со собраните податоци… само ќе ги користи за да не (нас и нашите деца) запознае подобро… ништо повеќе, жими сВе. Дискусија за тоа дали може или не може да му се верува на Facebook има во текстот на Wired: Facebook for 6-Year-Olds? Welcome to Messenger Kids
  5. Facebook Creator App. Веќе некое време Facebook се обидува да стави на располагање што е можно повеќе алатки со кои ќе се олесни креирањето на содржина за неговите сервиси. Ова е уште еден чекор во таа насока, и тоа насочен кон (live) видео. Сега за сега достапна само за iOS, поддржана е од цел сајт со ресурси, добри примери и препораки. За оние со iOS еве и едно подетален опис што се може да направите со новата апликација. Останатите, Android корисници ќе мора да бидат трпеливи.
  6. Facebook е решен докрај да ја води битката со YouTube, покрај серија сериозни потези сега на листата го додаваме и овој: Facebook Sound Collection lets you add no-name music to videos. Директно копиран од YouTube audio library сега за сега колекцијата на Facebook брои 1000 песни кои може да ги користите за вашите новокреирани видеа.
  7. Instagram архивира story. Самиот факт дека голем дел од времето додека сме на Instagram го трошиме и како консументи и како креатори во делот со „сториња” го прави потегот на Instagram логичен: Instagram will now create a private archive for all of your stories, и може на својот профил да си ги додадете своите омилени да ви стојат таму до кога сакате. Ова отвара нови можности за маркетинг активности, останува да видиме како ќе биде прифатено и искористено од корисниците.
  8. За крај на оваа листа една тема за муабет. Ја отврам истата и во мојата предновогодишна колумна во Економија и Бизнис ама немам баш цврст став, сеуште: Is Organic Social Media Marketing Still Relevant?

Имаме уште линкови, ама се договоривме дека следната колекција ќе биде комплетно посветена на предвидувања за 2018, па ги оставивме за тогаш. А до тогаш, не заборавајте да читате и да ни праќате по некој линк кој не смее да се пропушти. Како овој на пример: The End of the Social Era Can’t Come Soon Enough