Media & Marketing Blog

Агенда сетинг-МК

Многу се „радувам“ кога на македонските медиуми информативните емисии ќе започнат со некоја важна вест од светот. Се разбира причините се што се тоа најчесто примери за кои како „граѓани на светот“ требаме или мораме да бидеме свесни, а згора на тоа мене лично ми индицира една попрофесионална состојба на дел од новинарството и едноставно надминиување на малоѓраѓанскиот журнализам во кој нѐ интересира само сопствениот двор (види Ѕинго-Величе Star Wars серијалот).

Токму на таа тема, „се израдував“ кога видов дека вечерните вести на А1 (12.12.2008) започнаа со информација за „излевањето на реката Тибар кон брегот на градот Рим“. Добра информација си викам и бидејќи живееме во хипер-поврзан свет веднаш што чат, што маил, праашуваш луѓето што ги знаеш поврзани со Рим, во Рим или просто од Италија, што е работава. И на крајот на краиштата криза да, но во реалноста далеку од драматично за да биде топ вест од таков вид.

Башка на ниту еден поважен сервис за вести немаше во поважните вести за ова, дури на „вторите страници“ на сајтовите барем.

И што е сега причината за вакво редење на вести? Дали снемало скандали, дали соодветната редакција сака наменски да го поткрене нивото на својот информациски дијапазон (и да се воздгине над конкуренцијата од Сител со која се „закрвени“) или не знам што и да е, но не е баш „кул“ морам да признам.

Во генерална смисла, по мене, се работи за еден посистемски проблем, кога се обидува кај нас да се спроведе некоја замисла или општо правило заради подобрување на квалитетот на програмата се промашува во делот на реализацијата, и тоа прилично. Советов би бил дека во секоја фаза од некоја замисла мора многу да се внимава, а во овoј случај се рбаоти за агенда сетинг или редење на вестите според важноста.