ПР vs.новинарство, коментарот од кај Бранка

Фина аналогија направила Бранка во постот ПР vs.новинарство ама морав малку да ја бранам честа на новинарите. не ми се верува дека ова го пишав ;)

Содржината на постов е оставена иницијално на Воглавно Јавно како коментар.

Имено, малку дефинициите за тоа што прават или треба да прават новинарите ти се застарени, или можеби локализирани.

Бранка вели: целта (на пр.ите) не е само да се информира јавноста, туку преку тоа да се влијае врз јавноста, да се променат нејзините ставови и однесувања, и со тоа да се постигнат целите на компанијата.

Епа и новинарите работат за компанија која и покрај лажната објектвност има цел да влијае на јавноста, да се променат нејзините ставови и ……..

Бранка вели: …новинарите пишуваат првенствено за масовна публика – читатели, слушатели, или гледачи. Масовната публика не е добро дефинирана, па новинарот во дневен весник или на една телевизија на пример се обраќа до општа јавност

Ова се случува кога немаш добро сруктурирани медиуми а со тоа и добро структурирана публика. Нема само новинари кои пишуваат и работат за вести/весници има и такви кои работат за стручни магазини, за посебни рубрики и сл. Секој медиум си има своја публика, за жал кај нас заради малиот и неразвиен пазар структурирањето на публиката не е на завидно ниво.

Бранка вели: Повеќето новинари се обраќаат до публиката преку единствен канал – медиумот за кој работат…

Денешниот новинар (светски) или подобро речено оној идниот, е новинар кој истовремено работи за повеќе платформи. т.н. дигитални новинари се обучуваат ширум светот за да можат да направат и аудио прилог и да сликаат и да направат краток видео запис. Дополнително тие својата порака (информација) ја испраќаат и на сајт, и на мобилен и во весник или на тв.

Да не бидам сфатен погрешно, појаснувањата на Бранка стојат на место, јас само малку сакам да го проширам полето на делување на новинарите т.е. на медиумите.


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Journalism, pr and tagged , , , , , , . Bookmark the permalink.

2 коментари на "ПР vs.новинарство, коментарот од кај Бранка"

Коментирај!