Media & Marketing Blog

ПР vs.новинарство, коментарот од кај Бранка

Фина аналогија направила Бранка во постот ПР vs.новинарство ама морав малку да ја бранам честа на новинарите. не ми се верува дека ова го пишав 😉

Содржината на постов е оставена иницијално на Воглавно Јавно како коментар.

Имено, малку дефинициите за тоа што прават или треба да прават новинарите ти се застарени, или можеби локализирани.

Бранка вели: целта (на пр.ите) не е само да се информира јавноста, туку преку тоа да се влијае врз јавноста, да се променат нејзините ставови и однесувања, и со тоа да се постигнат целите на компанијата.

Епа и новинарите работат за компанија која и покрај лажната објектвност има цел да влијае на јавноста, да се променат нејзините ставови и ……..

Бранка вели: …новинарите пишуваат првенствено за масовна публика – читатели, слушатели, или гледачи. Масовната публика не е добро дефинирана, па новинарот во дневен весник или на една телевизија на пример се обраќа до општа јавност

Ова се случува кога немаш добро сруктурирани медиуми а со тоа и добро структурирана публика. Нема само новинари кои пишуваат и работат за вести/весници има и такви кои работат за стручни магазини, за посебни рубрики и сл. Секој медиум си има своја публика, за жал кај нас заради малиот и неразвиен пазар структурирањето на публиката не е на завидно ниво.

Бранка вели: Повеќето новинари се обраќаат до публиката преку единствен канал – медиумот за кој работат…

Денешниот новинар (светски) или подобро речено оној идниот, е новинар кој истовремено работи за повеќе платформи. т.н. дигитални новинари се обучуваат ширум светот за да можат да направат и аудио прилог и да сликаат и да направат краток видео запис. Дополнително тие својата порака (информација) ја испраќаат и на сајт, и на мобилен и во весник или на тв.

Да не бидам сфатен погрешно, појаснувањата на Бранка стојат на место, јас само малку сакам да го проширам полето на делување на новинарите т.е. на медиумите.

2 коментари на “ПР vs.новинарство, коментарот од кај Бранка”

  1. Dragana Djermanovic

    Berlin

    Može li se desiti da novine uskoro postanu „jučerašnja vest“ ili će štampa, ipak, preživeti krizu? O tome ima različitih mišljenja, ali urednici uglednih evropskih dnevnika uvereni su da, uprkos svemu, novine imaju šansu. Trenutno, novinama nije nimalo lako. Popularnost televizije, pad tiraža štampe, porast strana sa oglasima, trka sa Internetom, pojava besplatnih novina, tehnologija koja se rapidno menja – to su sve problemi koji znatno otežavaju prilagođavanje novina savremenim uslovima. Ipak, urednici uglednih evropskih dnevnika su veliki optimisti kad je reč o budućnosti štampe.

    @Darko: potpuno razumem šta je Branka želela da kaže. Znam da nije na mestu generalizovati, ali malo je novinara koji novinarstvo i sebe lično doživljavaju kako bi trebalo (tj. kako to ti činiš).

  2. darko156

    Драгана, јас сум од тие оптимистите кога станува збор за весниците.

    Се разбира не се фаќам како слеп за стап туку напротив мислам дека ќе опстанат оние кои ќе умеат брзо и добро да се адаптираат во новиве услови.

    Погледни ги коменарите од западните PR професионалци кај Бранка (http://bugariska.crnaovca.mk/2008/12/pr-vs-novinarstvo/#comment-48). Тие за новинарството говорат од перспектива која е блиску до мојата, а најблиска до нивната реалност. Тоа што на нашиве простори новинарството е такво какво што е е друг муабет.

    🙂

    Да бидам јасен, и јас мислам дека практиката новинари да стануваат PR луѓе не е најсреќната варијанта

Коментарите се затворени.