Пред две недели бев на одбрана на еден магистерски труд за кој самата комисија рече дека можел комотно да помине и како докторска дисертација. И навистина беше така. Автор е нашата драга колешка Викторија Димитровска а темата е: Навики за користење на електронските медиуми кај децата на предучилишна возраст во Скопскиот регион.
Ја замолив Вики да спреми една скратена верзија на слајдовите кои ги презентираше и да ми прати кратка најава за темата и главните заклучоци. Ја измачив. Не можеше сама доволно да скрати зошто, очекувано, секој збор што го напишала и е важен. Ама затоа јас сум тука како лош кројач и во продолжение најавувам гостински пост од неа (скратен од моја страна):
_______________
Во услови кога децата се секојдневно бомбардирани со информации и слики од разновидни и многубројни медиуми многу е важно да знаеме што децата прават со медиумите. За таа цел со анкетирање на намерен примерок од 212 родители на деца на возраст од две до шест години од Аеродром, Карпош, Чаир и Сопиште го истражував пристапот на малите деца до медиумската технологија во домот, фреквенцијата и времето на изложеност и навиките за користење на електронските медиуми.
Резултатите потврдија дека децата на возраст од две до шест години се длабоко навлезени во светот на електронските медиуми. Оваа генерација деца расте во медиумски заситено опкружување, а домовите во кои живеат се богато опремени со медиумска технологија. Речиси сите деца од примерокот (99.5%) живеат во дом во кој има барем еден телевизиски приемник, скоро сите деца (89.6%) имаат компјутер во домот, 94% имаат видео или ДВД, а една третина имаат уред за видео игри или плејстејшн (33.5%). Три од четири деца (76.4%) имаат пристап до Интернет во домот.
Имајќи ја предвид сеприсутноста на медиумите во животот и домот на децата, веројатно не е изненадувачки што 84.4% од децата на возраст од две до шест години секој ден гледаат телевизија, 27.9% гледаат видео или ДВД, 19.4% играат видео или компјутерски игри, а 19% користат компјутер за други цели секој ден.
Дали родителите треба да бидат загрижени заради прекумерното користење на медиумите, земајќи ги предвид многубројните негативни ефекти што се евидентирани како подоцнежен послаб успех кога ќе тргнат на училиште, зголемена агресивност или зголемена гојазност, зависи од начинот на кој децата ги користат медиумите и содржината што ја следат. Најголемиот дел од изложеноста на малите деца на медиумите се состои од таканаречената телевизија во позадина. Постојат сé повеќе докази дека оваа телевизија во позадина ја нарушува играта на децата и интеракцијата со другите членови од семејството, а oвој феномен се јавува во домовите каде телевизорот е вклучен поголем дел од времето. Родителите не треба да ги учат децата медиумите да им претставуваат навика, односно телевизорот да се вклучува кога нема што да се прави друго или за да се пополни времето. Телевизорот е лош бебиситер и колку што е можно повеќе треба да се користи во присуство на родителите кои треба да поразговараат со децата за она што го виделе преку екраните. Затоа свесното намалување на изложеноста на медиумите во комбинација со дискусија и посредување од страна на родителите е корисно за децата на секоја возраст.
Конечно, медиумите сами по себе не се ниту добри, ниту лоши за децата. Нивното влијание зависи пред сé од тоа колку често, колку време и на кој начин се користат од страна на децата. Меѓутоа потребно е да се развие повисока свест на медиумите за програмата што ја прикажуваат, за важноста од постоењето на специјална едукативна програма наменета за деца на предучилишна возраст, но и да се поттикне развојот на медиумската писменост кај родителите, а со тоа посредно и кај децата уште од најмали нозе.
______________
Уште еднаш голема благодарност до Вики што овозможи дел од нејзиниот труд да се објави премиерно на овој блог. И молба, за секој кој има намера да цитира или употребува некои од податоците да ја наведе Викторија како автор.
Дека се отворени коментарите, мислам дека нема ни потреба да напоменувам така? :)

[Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://komunikacii.net/12/17/deca-mediumi/
Овој коментар оригинално е објавен на Twitter
[Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://komunikacii.net/12/17/deca-mediumi/
This comment was originally posted on Twitter
RT @darko156: [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://komunikacii.net/12/17/deca-mediumi/
Овој коментар оригинално е објавен на Twitter
RT @darko156: [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://komunikacii.net/12/17/deca-mediumi/
This comment was originally posted on Twitter
RT: @sead93: RT @darko156: [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://tinyurl.com/ybpozhz
Овој коментар оригинално е објавен на Twitter
RT: @sead93: RT @darko156: [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://tinyurl.com/ybpozhz
This comment was originally posted on Twitter
RT @darko156 [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://komunikacii.net/12/17/deca-mediumi/
Овој коментар оригинално е објавен на Twitter
RT @darko156 [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://komunikacii.net/12/17/deca-mediumi/
This comment was originally posted on Twitter
RT: @darko156: [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://bit.ly/6YxHxD
Овој коментар оригинално е објавен на Twitter
RT: @darko156: [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://bit.ly/6YxHxD
This comment was originally posted on Twitter
RT @kapsarovb: RT @darko156 [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://bit.ly/5dUeLw
Овој коментар оригинално е објавен на Twitter
RT @kapsarovb: RT @darko156 [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://bit.ly/5dUeLw
This comment was originally posted on Twitter
RT @darko156: [Истражување] Скопје: децата и медиумите – гостински пост на Викторија Димитровска http://tinyurl.com/ybpozhz