Media & Marketing Blog

LeWeb – видеа кои не смеете да не ги гледате

Големи настани, богати со содржина, и да е таму човек не успева се да види во живо. А богами, кога си таму важни ти се други работи, како вмрежување и контакти на пример, и онака знаеш дека видеата веднаш ќе бидат достапни на нет.

LeWeb-13-Paris-YouTube

Како и да е, еве мој избор на видеа кои не смеете да не ги изгледате. Вредат.

1. Gary Vaynerchuk
секое видео со него е приказна сама за себе. Неуморлив и секогаш крајно директен, по малку вулгарен ама екстремно корисен.

2. Travis Kalanick, Uber
Една од најспомнуваните компании за време на целата конференција. Uber е следниот Zappos, кога станува збор за референцирање како треба!

3. Hugo Barra, Xiaomi Global ex Android
Човеков се префрли од главен на Android во Google да раобти во Кина. Навидум лудо, но погледни го видеово за каков пазар станува бор и веднаш е разбирлив предизвикот кој претстои. Импресивно!

4. Tony Fadell, Nest Labs
Одличен муабет со пионерот на internet of things, од комерцијална гледна точка секако, отворено размислување за иднината.

5. Carmine Gallo, Communications Coach
Ако сакаш да видиш како изгледа перфектна презентација во која се зборува токму за комуникациски вештини, мора да го гледате ова, машина е типот : )