Media & Marketing Blog

Импресии: „Традиционалните медиуми ја губат младата публика!“.

Денес во просториите на клубот на пратеници се одржа најавената дебата. Со Мите (баждарџијата) и двајцата активно учествувавме :).

Морам да признаам концептот им беше солидно осмислен на организаторите, иако кон крајот (би рекол сосем очекувано) целата расправа се одвиваше малку неорганизирано. До појавата на некаков официјален извештај на НВО Инфоцентар, ќе си земам за право да ги презентирам моите лични видувања.

Генерален заклучок, на повеќемина таму (а и мој) беше дека традиционалните медиуми како своја публика ги имаат и младите, за разлика од тезите, кои сакаа да ги претстават младите, дека во овие медиуми нема ништо интересно за нив и дека тие ја губат довербата во нив. Поткрепено со истражувања, бројки, статистики, тиражи и сл. претставниците на трад. медиуми неколкупати се обидоа да стават до знаење дека млада публика не им недостасува, туку напротив ја имаат.

деба�а

Ниту еден од аргументите, не беше доволно убедувачки дека трад. медиуми ја гуабат младата публика, сеуште. Сепак, ми се чини дека не треба трад. медиуми да останат мирни. Моќта за брзо ширење на новите медиуми не е мала закана, а чекањето не се покажа како добра стратегија во светски рамки.

Дебатата се одвиваше префрлувајќи се на многу разни теми и настани, сепак ми се чини дека може да се извлече еден генерален заклучок.

За да се доведеме во ситуција (ние младите) да влијаеме на медиумите и нивните политики на уредување, мора прво да го пидигнеме свото ниво на медиумска едукација, мора прво да научиме (сите ние) да ги перцепираме медиумите малку подобро (покритички), не само површински туку и да бидеме способни еден ден да речеме дека нема да го читаме тој и тој весник поради тоа и тоа. И секако треба да научиме да комуницираме со медиумите. Како и секаде, мора прво да се запознае „противникот” а потоа да се „напаѓа”. Чинам, дури тогаш медиумите ќе се осфестат и ќе бидат загрижени за губење на својата публика, но најверојатно ќе биде касно. Затоа тие уште сега треба да се обидат да ја проучат својата публика и да им го понудат она на што тие наскоро ќе го побараат на друго место.
Во секој случај оваа дебата мислам дека ќе биде еден чекор напред кон развојот на настаните во оваа насока.

____________
Дополнување:
НВО Инфоцентар: Што би можеле да заклучиме од денешната дебата? Прво, дека постои проблем и неразбирање помеѓу медиумите и оние млади, кои за жал се малцинство помеѓу своите врсници, кои се заинтересирани за активна партиципација во општествените текови и настани.
Младинските активисти мора да изнајдат начин, прво, преку своите активности да постигнат одредена критична маса на незадоволство кај граѓаните, и второ, да ги претстават своите активности, ставови и идеи на начин кој традиционалните медиуми ќе го разберат и прифатат.
Патем ме цитирале во известувањето и мене :), иако не со пермалинк 🙁
Интернет Македонија: Бидејќи првичната информација за ова ја добив преку интернет изданието на еден традиционален медиум (МРТ), а потоа посурфав во потрага по нови информации, дебатата изгледа како излишна – традиционалните и новите медиуми се испреплетуваат и надополнуваат.
Ашкол сум, нормално дека треба да се надопонуваат, ама далеку се нашите медиумски актери од тоа, и не само тие далеку е и младината

МРТ: Наспроти ова оние кои беа против ваквото мислење како предност на традиционалните медиуми ги искажаа веродостојноста на податоците, наспроти оние на интернет, како и тоа дека интернет во Македонија користи само 13 проценти од населението, бројка која укажува оти дека традиционалните медиумија не ја губат младата публика.

Јас бев таму од почеток до крај, расправа за веродостојност не слушнав никаде, од каде го извадиле ова МТВ не знам.

5 коментари на “Импресии: „Традиционалните медиуми ја губат младата публика!“.”

  1. Интернет Мак…

    Младите се колнат во интернет…

    Сè повеќе кон интернет изданијата  Дали традиционалните медиуми ја губат младата публика беше тема на која дебатираа младите и пре…

  2. Арангел

    Не гледам телевизја поради вестите а и поради тоа што нема стварно ништо интересно. Да не почнувам за тоа дека повеќето новинари ни се прости ко лами и стварно не се разбираат во тоа што го работат. Знам еден куп млади луѓе што не гледаат телевизија, ако некогаш ми текне дека сакам да видам што се случува во светот отварам a1.com.mk/vesti и толку (мада и тоа се поретко го правам во последно време).

  3. волан

    МОЈА БЛОГ СТАТИСТИКА…

    Вистинска зараза со Блог доживеав со појавата на блогот на р-Еволуција . По долго следење на блогот р-Еволуција и неколку други блога Macedo…

Коментарите се затворени.