Media & Marketing Blog

МБЗ, Вечер и фискалната сметка

Пред неколку дена низ МБЗ (македонска блог заедница) се рашири еден пост во кој еден блогер (Никола Николоски) го пренесува своето лошо искуство со ЈСП и полицијата.

Еве гледам сега кај milozvucna_solza приказната стигнала и до весници, поточно весникот Вечер. Забележав е дека Вечер ги искористиле исказите на блогерот и ги вметнале во својот напис.

Она што мене не ми е јасно е дали тие го контактирале блогерот директно? Дали добиле дозвола за да ја објават приказната? и конечно ЗОШТО не напишале дека е блогер и дека дел од јавноста веќе реагирала за настанов?

Мора да се потенцира дека трад. медиуи не се еднствените и дека МБЗ (т.е. блоговите) не се несериозна работа која може лесно да се занемари.

3 коментари на “МБЗ, Вечер и фискалната сметка”

  1. ribaro

    Забелешката ти е на место. Ако „Вечер“ само направил copy-paste од постот на блогерот-психологот, односно ако не е контактиран, тогаш, тој мора да реагира… А тоа дека новинарите (некои од нив) од традиционалните медиуми несакаат да ја споменат МБЗ, само говори за нивната етичка зрелост и прифаќање на допрва јака конкуренција.

  2. RIBARO. Fish…

    Психологот во Вечер…

    Е се‘ арно ќе беше да беше за арно, ама не е така.Милозвучна_солза јави дека веста (за која и јас пишав) ја има и во денешен Вечер.Цели шест…

Коментарите се затворени.