Пред неколку дена низ МБЗ (македонска блог заедница) се рашири еден пост во кој еден блогер (Никола Николоски) го пренесува своето лошо искуство со ЈСП и полицијата.
Еве гледам сега кај milozvucna_solza приказната стигнала и до весници, поточно весникот Вечер. Забележав е дека Вечер ги искористиле исказите на блогерот и ги вметнале во својот напис.
Она што мене не ми е јасно е дали тие го контактирале блогерот директно? Дали добиле дозвола за да ја објават приказната? и конечно ЗОШТО не напишале дека е блогер и дека дел од јавноста веќе реагирала за настанов?
Мора да се потенцира дека трад. медиуи не се еднствените и дека МБЗ (т.е. блоговите) не се несериозна работа која може лесно да се занемари.




Од ribaro 21 December, 2006 - 6:21 pm
Забелешката ти е на место. Ако „Вечер“ само направил copy-paste од постот на блогерот-психологот, односно ако не е контактиран, тогаш, тој мора да реагира… А тоа дека новинарите (некои од нив) од традиционалните медиуми несакаат да ја споменат МБЗ, само говори за нивната етичка зрелост и прифаќање на допрва јака конкуренција.
Од RIBARO. Fish… 21 December, 2006 - 8:52 pm
Психологот во Вечер…
Е се‘ арно ќе беше да беше за арно, ама не е така.Милозвучна_солза јави дека веста (за која и јас пишав) ја има и во денешен Вечер.Цели шест…
Од Komunikacii » Што е тоа доверба во медиум? 25 December, 2006 - 8:01 pm
[...] Колку за потсетување, ова е приказната: МБЗ, Вечер и фискалната сметка Каква иронија а? Categories: print, МБЗ, local [...]