Media & Marketing Blog

А1 максимум 2

Центар за нови медиуми во акција

По повод 10 годишнината од постоењето на Младински образовен форум (МОФ), двајца членови од Центарот за нови медиуми, Дарко Булдиоски и Анастас Вангели учествуваа на дебата на тема: Новите медиуми ќе ги победат традиционалните. Дарко и Анастас беа афирмативниот тим додека Борјан Јовановски од А1/А2 и Владимир Галевски од Форум беа тимот кој ја негираше тезата.

Уште на самиот почеток Анастас дефинираше што за нив значи победат: „Победата на новите на традиционалните медиуми не значи дека телевизијата, радиото и весниците ќе исчезнат како форми, туку дека ќе мора да се прилагодат на новите услови во медиумската екосфера наметната токму од новите медиуми.“

Аргументите со кои настапија Дарко и Анастас беа следниве:

  1. Новите медиуми ги победуваат традиционалните затоа што се похумани по својата форма. Новите медиуми се управувани од сите нас и се на сите нас, додека традиционалните медиуми се во рацете на избрана елита и за влез во нивниот свет постојат многу повисоки бариери. Затоа традиционалните медиуми се приморани да се отвораат или во македонски услови допрва да се отворат.
  2. Новите медиуми ги победуваат традиционалните затоа што се попродуктивни. Кај традиционалните медиуми содржината ја создаваат ограничена бројка на луѓе, додека кај новите медиуми големиот број на корисници се оние кои создаваат содржини. Пример: На YouTube за неколку месеци се качува содржина која е повеќе од тоа што било прикажано на ABC, CBC и NBC заедни во последниве 60 години.
  3. Новите медиуми ги победуваат традиционалните медиуми затоа што се целосно прилагодливи на потребите на публиката. Кај традиционалните публиката е оставена со ограничен избор, а воедно и пасивизирана. Кај новите медуми пасивноста е сведена на минимум, секој сам ги бира содржините кои го интересираат со што се минимизира можноста за досада, на пример интервјуто на премиерот од 3 саати може да го прегледате за 5 минути, а доколку ништо не ви се допаѓа имате можност самите да ги креирате содржините.

Заклучок кој го даде Анастас на крајот од својот говор предизвика и најголема реакција кај публиката изнудувајќи аплаузи: „Ние веќе може да говориме дека новите медиуми им ја имаат свиткано раката на традиционаланите медиуми туркајќи ги кон забрзано трансформирање.  На крајот на краиштата Форум ќе мора (м.з. Владимир Галевски е од Форум) многу повеќе да се потруди за да си го оправда името во дигиталниот свет, а Борјан ќе си остане на фреквенциите на А1 максимум 2. Од друга страна пак додека трае дебатава само Мите, сподели неколку фотографии, видеа и твитови.“

На ова следуваа аргументите (м.з. повеќе нафрлени мислења отколку структурирани аргументи) на негативниот тим изнесени преку Борјан. Тој призна дека новите медиуми чепкаат теми кои што традиционалните медиуми не ги разработуваат, но дека никаде не биле цитарани што значи дека содржината на новите медиуми не е доволна квалитетна. Вториот аргумент на Борјан всушност беше само една бројка која укажуваше на тоа дека луѓето се уште најмногу се информираат од телевизијата, околу 70% додека YouTube се уште било играчка.

На ова Дарко одговори дека е вистина дека содржините од новите медиуми малку се цитираат но тоа не е поради тоа што не се квалитетни туку затоа што традиционалните медиуми одлучуваат да си ги преземат во целост без при тоа да наведат извор. Наведи неколку примери од домашната блогосфера и некои регионални и меѓународни примери.

После ова следуваше говорот на Галевски кој повеќе беше предупредувачки да не се заборавиме и оттуѓиме едни од други поради новите технологии.

Поради тоа што на твитер ме запрашаа да објаснам зошто сум рекол дека Дарко и Анастас победија еве го моето образложение:

  1. Структуирани аргументи кои се движеа во рамките на дефиницијата кој ја дадоа на самиот почеток.
  2. Недоволно организирани напади на негативниот тим врз аргументите на афирмативниот тим без притоа да дадат свои сопствени аргументи кои подоцна ќе требаше да ги побиваат афирмативците.
  3. Афирмативците работеа како тим, додека негатвиците имаа индивидуални настапи и нафрлања на мисли.

6 коментари на “А1 максимум 2”

  1. Marija

    Браво за афирмативците! 🙂

  2. потру

    честитки за победата, пред некое време гледав како на Запад класичните т.е традиционалните медиуми го фаќаат последниот воз во развојот за да не ги изгубат своите клиенти. се надевам и во нашава држава традиционалните медиуми ќе ги употребат расположивите средства за да бидат во тек, доколку не го направат тоа не им останува ништо друго освен да ја изгаснат сијалицата.

  3. Виктор

    Зошто борба меѓу старите и новите медиуми? Ова звучи како вежба меѓу училишните клупи, лекција како да дебатираме па еве ќе поставиме фикција за теза, измислено нешто и ќе се поделиме па удри.

    Новинарството останува исто, информацијата е на прво место. На CNN за време на вестите се повикуваат на Twitter и читаат @ твитови. Прашање: CNN е стар или нов медиум? Извори на А1 и Сител понекогаш се сајтовите, блоговите, ФБ и YouTube… Тоа ги прави нов или стар медиум? Уствари вестите се наоѓаат на FB,YouTube, Time.mk… сите вести од сите медиуми се на нет. Тоа ги прави нови медиуми? Или ги прифаќаат „новите услови во медиумската екосфера наметната токму од новите медиуми“ и се трансформираат.

    А ако се трансформираат тогаш што правиме со дебатава, стари и нови? Некому мора да му биде подолг…. и тоа е факт.

    НЕ! медиумите ќе одат таму каде што се информациите, т.е луѓето. Медиумите не се трансформираат заради новите медиуми, туку заради местото на информацијата.

    и блогерот и новинарот ќе ги направат истите чекори при истражување информации. Што е тука ново? Повторно ќе постои уредувачка политика, и подолга изработка на текстови заради веродостојност… нешто што го нема кај блогерите. Замислете си вести без проверени информации. Хаос. Граѓанско новинарство? Погледнете ги блоговите за да видите граѓанско новинарство во МКД. ХАОС, партиски, идеално обоени блогери, неточни информации…

    Не се работи за кој ќе победи. Се работи за како информацијата да биде чиста или „похумана“ и точна. Се сеќавате на иранските протести и како големит, стари медиуми го прифатија твитер? Зарем имаше стари и нови медиуми во тоа информирање, или се копаше информацијата.

    Велиш нема многу аргументи од „непријателскиот тим“. Па нормално дека нема, затоа што информацијата е на нет + не знаат како да ги обработуваат. Ако „само Мите испратил слики во моментот“ тоа не значи дека другите не сакале. Туку НЕ ЗНААТ!

    Нови и стари медиуми, meh… НАПРЕД НАШИ!!! и „честитки за победата“…

    Од утре да не вежбате „патриоти и предавници“? 😛

  4. darko buldioski

    Виктор, принципите ан дебата се различни, Мите ќе може да каже малку повеќе за тоа, ја не знам баш многу. Ни нам не ни се бендиса темата, затоа си ја преформулиравме на почеток. Ама добра вежба за мозок беше.

    А со твоите ставови, комплетно се сложувам 🙂 дебатава беше ревиална, и ние отидовме да се забавуваме 🙂 токму тоа и го направивме.

    Утре ќе вежбаме да докажуваме дека трад. медиуми победија 🙂

  5. darko buldioski

    Ееееј, сега приметив дека побивањето за важноста на youtube со крајот на 1001 ноќ не си ми ја спомнал 🙁

Коментарите се затворени.