Media & Marketing Blog

Блоговите и PR-от – Blogomanija 2012

Од 7 до 9 декември на @StaraPlanina се случуваше првата @Blogomanija. Настан налик на @BlogOpen кој повторно се организираше во Србија но со друга екипа во позадина. Екипа која оние кои ја знаеа едноставно не им даде простор да се откажат од учество на овој настан.

За самиот настан нема да пишувам многу, само би сакал да упатам совет дека ако сте активни во полето на новите (социјалните) медиуми и блогирањето, вакви настани не смеете да пропуштите. Енергијата која ја има, дружбата, контактите и секако програмата се вистинска комбинација за супер искуство.

И покрај тоа што искрено мислев дека хајлајт на официјалната програма ќе биде панелот со фешн блогерките, сепак утрото завеано со снег ме демантираше и во хотелот на врв на планина имавме чест да присуствуваме на еден премногу добар панел во кој учестуваа врвни професионалци. Уште кога одеше панелот, реков ова мора да го ставам во пост и да натерам да го гледаат панелов што е можно повеќе луѓе од фелата. Епа, еве го. Погледнете го и впивајте колку можете повеќе зошто секој збор од следниов саат вредат, ептен.