Skip to content


Macedonia Timeless – веб промоција

Сподели

Денес хит линк и тема е новата (видео) кампања, која ја промовира нашата ни држава. Веќе сите знаат, нели Милчо Манчевски ова она….

Туку, јас се обидoв да видам колку квалитетно и достоинствено се претставуваме на интернет со кампањава.

1. Кампањава се вика Macedonia Timeless и има сајт на адресата: http://www.macedonia-timeless.com/

2. Сајтот е бедно оптимизиран, да не речам не е оптимизиран.

2.1 Видеото е вградено во лош плеер кој не е баш пријателски за користење

2.2 Видео фајлот веројатно е голем, јас дома на АДСЛ100 го чекав на секои 3 секунди да се дополни

2.3 Сајтот нема наслов во мета описот, ред други работи ама ова е доволно

2.4 Од насловната страница секој клик се отвора во нов прозор

3. Кампањава официјално ја нема на социјалните мрежи

3.1 На Youtube до сега ја имаат поставено три корисника, но ниту еден не е официјален канал или профил на креаторите на кампањава.

3.2 На Facebook не успеав да ја најдам. Веројатно во теков на денов ќе се појави видеото поставено од некои корисници, ама нема ништо официјално.

3.3 Нити на Flickr не го најдов фотките од секцијата Stills

Како резултат на сево ова ако на Google побарате Macedonia Timeless на првата страна нема да наидете на официјалниот сајт.

Root of all evil може да е фамозниот WebArchitect. Ама тоа е само дел, за останатиот дел….. не знам.

Сѐ на сѐ, супер муабети се развија во локалната Twitter заедница, и на Кајмак.от, а тоа што во прв налет кампањава не предизвика WOW ефект нека му ја мислат тие што ја реализирале, смислиле, нарачале и слично.

СПОДЕЛИ:
  • Kajmak.ot
  • Facebook
  • del.icio.us
  • TwitThis
  • StumbleUpon
  • LinkedIn
  • E-mail this story to a friend!
  • Print this article!

Може да те интересира:

Категории: New media, advertising, blogosphere, information society, local.


18 Коментари

  1. Ivana says

    Се согласувам со статијава за Macedonia Timeless.
    Баш денес и јас го видов видеото и искрено не се воодушевив ама воопшто од сајтот. Како интернет маркетнг и SEO специјалист – (мојата титула) се запрепастив од source file-от на сајтот, а да не зборам за изгледов, поделбата и навигацијата.
    Е сега, да не бидеме ептен критички настроени, сметам дека ненамерно, бесплатната промоција на овој сајт и на видеото би идела по word-of-mouth техниката.
    Но, колку од релевантните луѓе од Европа ќе го видат, неможам да гарантирам ама барем ние во Македонија ќе се потсетиме на убавините што ги имаме :)))))
    Џабе се парите за снимање на спотот ако нема добра промоција.
    поздрав

  2. Dance says

    како дополнување би бил и коментарот за domain-от. Би било добро да се купат и сродни имиња на постоечкото и да се редиректираат на истиот, за да се зголеми пристапот до сајтот…
    јас го барав како http://www.macedoniatimeless.com i macedoniatimeless.com.mk и секако не отвори.

    Поздрав

  3. Darko Buldioski says

    Ивана, Данче фала за коментарите.

    Секако дека ако се седне може да се мрчи уште многу. Никогаш не ми е целта бесцелно да мршам, напротив.

    А за word-of-mouth, ако стварно така ја планирале, што искрено не верувам, тогаш ептен ја промашиле :).

  4. sead93 says

    Првичниот ефект ми беше млак, благо кажано, нипто ново, ништо силно, ни за нас дома, а камоли за некој добродушен јабанџија. Како поминува време, сѐ здогледуам некои пропусти. Ова ти е оној визуелен ефект, кога од далеку здогледуваш некоја мома, и ти се чини финка, и што повеќе ти се доближува, гледаш дека има доста недостатоци. Камерата, светлото и колоритот на Милчо сѐ уште се на високо ниво, но освен тоа семантиката е дизастер. Просто редење на етно-национални симболи, Грците пак ќе кубат коси демек, инат да сме им терале, „причава“ со временски мост (time loop) ти е холивудско клише. Наратолошки нема ништо компактно, свежо или впечатливо. Премногу слики и дескриптивен пристап за да има „добра прича“. И башка има огромна граматичка грешка, Macedonia Timeless e неправилна синтагма на англиски, придавката Timeless не оди во пост позиција, тоа е правило. Некој мисли дека ако на македонски кошула црвена е поетизам, така е и во англискиот…смешно. Во време на светска економска рецесија овие потрошени 200,000 евра ќе испаднат фрлени пари. Ако некој и се загрее со спотов да дојде во Македонија, ќе побара нешто на нет, и кога нема да најде, ќе се откаже од доаѓање.

  5. Бранка says

    Во време на рецесија или не, 200.000 фрлени во ветер си се 200.000 фрлени во ветер!

    Добро, на страна сите забелешки, доволно е само да си го замислиме она Британче или Холанѓанче кога ќе ја види рекламава… Што мислите, што ќе си помисли? Дали нешто ќе разбере? Каква порака ќе прими? И дали воопшто било што од тоа ќе го натера (или барем подзамисли) да тргне накај Македонија?!

    Ако дојде барем еден турист странец повеќе од обично – еве ќе му ги простам на Грујо двестате илјади евра!!! Ама никако нема да му го простам и милиончето што сака да го потроши на нови 5 вакви спота!!!

    П.С. И еве да не зборам многу, да не се праам нели и јас режисер :)) ама во 13-та секунда се гледа и рефлекторот во кадар!!!

  6. Бранка says

    Само не знам дали она Британче или Холанѓанче ќе тргне накај Македонија или накај Грузија?!?!

    http://www.youtube.com/watch?v=-AqwY9XLAZA

    А шта речи….

  7. sead93 says

    После коментаров на Бранка нема што да се додаде ама јас пак се јавив за збор :)))) Бравос, риспект.

  8. Dare says

    што е стварно промашено и кај нас и кај овие од џорџиа е што НЕ Е ПРАВЕНО ЗА…ЛУЃЕ КОИ НЕ ЈА ПОЗНАВААТ КУЛТУРАТА.

    Го гледам спотов од Џорџиа и само гледам некои старци како пеат, луѓе со мечови и повеќе ми личи на Англија во времето на кралот Артур отколку Џорџиа.

    Исто и со Македонија. Ниеден странец нема да го асоцираат манастирите, картата на античка Македонија или што било на нешто значајно…сето тоа ќе го гледаат како рандом слики. Плус, не е наведено дека Македонија е земја…а ако прашаш просечен странец што е Македонија тешко дека ќе погоди дека е земја воопшто.

    Така што рекламава е повеќе правена за македонци отколку за странци. И целта не ја разбирам посебно на сајтов…идам го гледам пак тоа и мапа на Македонија…што друго?!?!?

    Квалитетот е добар и се меѓутоа луѓево заборавиле да го направат најосновниот дел…направи market research пред продуктот да го пуштиш.

  9. Dare says

    Искрено ќе се обидам да направам нешто viral за Македонија и тоа од еден пост…ќе го контактирам Дарко да видиме што ќе може да се направи.

  10. Darko Buldioski says

    Само да забележам дека од вчера до денес некои работи се променија. Резултатите на Google, се разбира, името на сајтот и уште нешто ситно.

    Не дека е поправен впечатокот, туку чисто да нема забуни.

  11. ribaro says

    Ако е намерно лош првиот спот од најавените 5 за да предизвика вакви реакции тогаш им успева WOM стратегијата. А да се води таква стратегија претходно потребно е минимално ‘не намерно‘ процурување на информации околу кампањата. Јас такво нешто поткрепено со некаква герила или вирал кампања не сретнав, а сигурен сум дека ќе препознаев. Но што е тука е, бар ние да сториме некоја виралка за да не одат парите по вода.

  12. бранка says

    @ribaro: па и да е намерно правена герила или вирал кампања, за кого е таа, за нас во Македонија ли? Тогаш пак им е утнат таргетот, а и пораката.

  13. бранка says

    Него дај ние да напраиме некоја вирал кампања за надвор, да го опраиме овој блам, да не се брукаме…. Да си ги информираме пријателите надвор од МК, да им објасниме “што сакал авторот да каже” со клипот, па да има зашто и они да го препраќаат на нивни пријатели.

    Е сега пошто туризмот ни е на најниско ниво, ако некој стварно реши да дојде во МК, не знам како ќе се снајде и што ќе прави тука. Ќе треба (како и до сега што сме правеле за наши пријатели странци) да изиграваме и тур-оператори :)

  14. darko156 says

    Јас сум, ЗА.

    Ете Даре погоре нешто спомна, може да се смисли нешто и да се подгрее атмосфера на нет.

    Па да мериме ефект од CNN и вирал :)

  15. Darko Buldioski says

    Го смениле видео плеерот :) добро е секој ден по нешто ново
    :)

  16. borce says

    Makedonija e vecna

  17. Ивана says

    Хахаха. Малку каснам со коментаров, околу една година :-) ама сега налетав на странава и најверојатно доста се променило откако сте коментирале за истото. Видеото ми се свиѓа како и да е…

Continuing the Discussion

  1. Aхам, баш сме тајмлес, мор ор лес » Археолошки дневник vol.2.1/2 © linked to this post on 25 December, 2008

    [...] уметност) се прекршија копјата по блогосферата (1, 2, 3). Веднаш се створија милион и пол режисери, директори [...]



Може да ставиш и малку HTML, ако сакаш.

или, пријави trackback.