Media & Marketing Blog

Заклучоци и препораки: Интернет апликации….настанот

Ѓокица остави подолг коментар за настанот кој го организиравме во понеделникот: Отворена дискусија: Интернет апликации – развој, маркетинг и промоција во Точка

Добив дозвола да го објавам тука како пост од гостин блогер, па бујрум:

Заклучок од отворената дискусија за интернет апликации и адвертајзинг во Точка.

Мислам дека без заклучок од дискусијата и идентификација на постоечките проблеми и без предлози за нивно решавање нема да биде овој настан целосен.

Главни проблеми што јас ги идентификував од отворената феноменална дискусија што ја развивме вечерта на 22 Декември во Точка.

За Македонските издавачи

  • Системите за менаџирање на содржина се воглавно истите и се мошне рестриктирани да ви понудат флексибилен лејаут и адвертајзинг модел (и систем) што треба да е во ваша контрола
  • Вашите податоци и адвертајзинг се во рацете на непознат фактор, што воопшто не придонесува за зголемување на можноста за заработка од содржините што ги нудите и во кои веќе имате инвестирано средства, ресурси и труд
  • Не применувате ниту еден светски стандард во вашите онлајн едиции — ниту во веб презентацијата и код, ниту во адверт форматите
  • Потребна е едукација на продажните и маркетинг оделенија во моќта и исплатливоста на интернет платформата
  • Лицата со хендикеп се комплетно дискриминирани од правото да се информираат од вашите содржини или да ги конзумираат вашите сервиси
  • Не им давате можност на огласувачите да развијат онлајн стратегии затоа што не сте стандардизирани како еснаф (индустрија) — што значи синхронизирана и стандардизирана понуда и цени

За Македонските огласувачи

  • Ве нема никаде, освен мобилните оператори под манаџмент на глобалните корпорации, што веќе имаат развиено онлајн адвертајзинг стратегии и дефинирани рамки за пласман на продукти на локалните пазари
  • Очигледно е дека е потребна едукација на целиот стопански сектор како системот на онлајн адвертајзинг функционира
  • Не копирајте тоа што го прават вашите балкански колеги, туку бидете први и храбри и почнете да ги користите глобално достапните сервиси директно и веднаш

За Македонските маркетинг агенции

  • Креативен онлајн адвертајзинг скоро и да немам видено на македонски сајт.
  • Доколку анализарм зошто, ми се наведува причината дека како прво самите клиенти не прават онлајн кампањи за своите производи, а и немаат каде да ги пласираат кампањите затоа што самите издавачи не нудат простор и реален сервис од овој вид.

За Македноските продукт менаџери

  • Дознајте во детал што сака вашата таргет публика и бидете медиатори помеѓу бисзнисот и тимовите за развој
  • Едуцирајте ги вашите клиенти во можностите што им ги нудат интернет платформата и вашите продукти
  • Правете пофокусирани и директни презентации и настани каде може во исто време да соберете повеќе учесници од индустријата да разменуваат мислења и соработуваат на темите за кои вие нудите решенија

За Македонските инжињери и дизајнери

  • Сигурен сум дека си ја знаат својата работа, но по она што го гледам момантално на Македонскиот веб, треба сериозно да почнете со применување на зрели развојни рамки и библиотеки достапни за вас бесплатно и да му посветите комплетно внимание на корисникот. Не ја правете апликацијата како вие мислите треба да функционира, прашајте ги крајните корисници што тие очекуваат од вашиот сервис и решенија.
  • Бидете фанатици во применување на веб стандардите и имајте на ум дека вебот е за сите, не ги заборавајте инвалидите и луѓето со физички недостатоци — и тие имаат право на информација и сакаат да пазарат добра и продукти

За да не биде само критикување од моја страна, еве и што според мене би било излез од оваа ситуација:

За Македонските издавачи

  • Адаптирајте го вашиот лејаут за да може да нудите стандарди формати за адвертјазинг
  • Слушајте ги вашите мали ИТ тимови во која насока сакаат да го развиваат вашиот сајт и со кои технологии е тоа најдобро да го сторите — тие најдобро знаат како тоа да го направат
  • Не нудете фиксни цени за адвертајзинг. Нудете фер систем на наплатување по импресии.
  • Ротирајте што е можно повеќе рекламери за да ја зголмите профитабилноста на сајтовите

За Македонските огласувачи

  • Кога издавачите ќе подготат терен за стандардно интернет рекламирање, искористете го тој потенцијал до максимум. Верувајте дека со цената за само еден билборд поставен на улица, ефективноста ќе ви се зголеми повеќекратно.
  • Најмете маркетинг агенции да ви помогнат во ова

За Македонските агенции

  • Едуцирајте ги вашите клиенти во исплатливоста и моќта на креативниот онлај адвертајзинг.
  • Едуцирајте се и себеси ако е потребно да фатите чекор со она што вашите колеги по светот веќе го работат и добро заработуваат на тоа
  • Пласирајте ги своите онлајн сервиси и услуги со докажани платформи

За Македонските продукт менаџери

  • Едуцирајте го маркетот во ефикасноста на онлајн апликациите и бизнис
  • Дајте им целосна слобода и креативност на вашите тимови и фокусирајте се на корисникот
  • Не се обидувајте да нудите технолошки решенија на состаноците — оставете им го тоа на инжињерите

За Македонските инжињери и дизајнери

  • Не пласирајте продукт во било кој фаза без предходно да го истестирате со неколку крајни корисници
  • Одржувајте Работилници, Бар Камп презентации и конференции и дружете се максимално со геек вечери на кои ќе дискутирате за она што го работите и создавате

Први на потег се издавачите. Тие се најглавни да си ги средат системите и да понудат рамка за ротирачки и фер адвертајзинг.

Јас сум отворен да помогнам да изработиме една тест капања во Македонија со било кој издавач, огласувач и агенција како пилот пример како онлајн адвертајзингот фунционира кога се користат вистинските алатки.

Ѓокица Зафировски

2 коментари на “Заклучоци и препораки: Интернет апликации….настанот”

Коментарите се затворени.