Media & Marketing Blog

Каде е сајтот за Охридскиот договор?

Веќе неколку пати коментираме (јас и Сеад) на тема линков на сајтовите на трад. медиуми. Во еден наврат еден вработен во А1 се побуни (тука), но еве сега повторно се укажува таква шанса.

А1: По проблемите што на почеток ги имаше со интернет мрежата, вицепремиерот Селмани успеа да го промовира интернет сајтот на Владата, посветена на Охридскиот рамковен договор

Прво: Во сторијата нема линк до интернет страницата, патем се обидов, не успеав да ја најдам. Помош!?!

Второ: Понатаму во веста никаде не се спомнува сајтот и што тој содржи, на пример.
Трето: Изгледа се друго било поважно, од овој настан, вклучувајќи ја и разболената министерка и проблемите со интернет мрежата.

И после пријателите ми викаат зошто не сум пишувал повеќе за локални работи. Е ајде де.

Дополнување
Јееее, ја најдов, се разбира кај државниот сервис, нека зборат сите што сакаат сеуште е закон МРТВ, дури и блог имаат.

2 коментари на “Каде е сајтот за Охридскиот договор?”

  1. Стеван

    Сајтот вчера не работеше па затоа не ставивме линк во веста каде што се спомнуваше.

    Утрово забележавме дека проработил па го ставивме линкот.

  2. Komunikacii » МРТ Блог

    […] Лани на мала врта во еден пост го спомнав блогот на МРТ, но еве сега се сетив дека треба на овој потег да му посветам цел пост. […]

Коментарите се затворени.