Media & Marketing Blog

12 #ПрегледВоПеток

Уште само 4 дена до новата 2018-та година, а ние со последен преглед во петок за оваа 2017-та. Како што ветивме, во последниот преглед ќе читате за трендовите кои следат во престојната година. Идеме.

  1. SEO Trends in 2018. Да видиме што ќе каже кристалната топка со помош на експертите во SEO.
  2. Email Marketing Trends in 2018. На кратко, технологијата позади емаил маркетингот ќе ни пружи повеќе можности за праќање на вистинските мејлови на вистинските луѓе, и во вистинското време.
  3. Envato’s 2018 Predictions. Погледнете ги најдобрите дизајн трендови во 2017, и читнете што предвидуваат Envato.
  4. What’s doomed in media in 2018. Секоја година има работи кои умираат во сферата на медиа и маркетинг. Еве ви едно четиво во кое може да ги читнете работите кои ќе изумрат во 2018-та.
  5. Web Design Trends in 2018. Супер четиво за кои трендови ќе ги гледаме во 2018-та во областа на дизајнот.
  6. Digital Video Trends for 2018. За сите кои се занимаваат со видео, еве ви предвидувања за 6 трендови кои се очекува да се појават во 2018-та.
  7. Digital Trends 2018. И за крај, еве ви една анкета од Econsultancy и Adobe со чиешто пополнување ќе добиете бесплатна копија од резултатите на Digital Intelligence Briefing.

Тоа е тоа. Фала ви на сите што ги читате нашите прегледи. Ако имате нешто интересно да ни пратите, копчето за да го сторите тоа е подолу.

(однапред) Среќна Нова 2018-та година и среќни новогодишни празници ви посакува тимот на NewMediaMK 🎄