Media & Marketing Blog

Топ 5 на комуникации.нет за 2011 година

Нема блогов многу посети, но нам доволни ни се и тие кои ги има. Не сме во трка да објавуваме постови колку да ги има и оваа година навистина не се претргнавме многу. Ако добро изброив, со овој имаме 90. Најмрзливи сме биле во јануари, април и јули. Добар дел од постовите беа посветени на нашиот подкаст но имаше и други важни работи.

Нема да правам избор од важните работи оваа година туку само, со помош на Google Analytics ќе ги претставам најпосетуваните 5 блог постови оваа година.

1. Интервју со Колектива и Групер
Објавено во февруари, интервјуто го погоди моментот кога овие сервиси за групно купување го преврте МК интернет пазарот. Очекувано, предизвикаа цела лавина реакции на и надовр од интернет, нови сервиси, агрегатори и слично.

2. Што ни порачува Coca-Cola во нејзината Avatar реклама?
Одлична анализа на една рекламна кампања прикажана во гостинскио пост напишан од Биљана (Биби) Угуровска. Особено ме радува што бил доста посетуван овој пост затоа што докажува дека анализа секогаш привлекува внимание.

3. Кајгана 3.0 – многу повеќе локално креирани содржини [интервју]
Повторно интервју, повторно локални херои. Обајавено на 1 септември кога Кајгана.ком ја објавија својата ова верзија на сајтот. Минатата недела зедоа 2 награди на изборт за сајт на годината.

4. Дневник на еден апстинент од вести
Сеад малку пишуваше вакви саркастични постови оваа година, но затоа тие кои ги пиша се читаа. Очигледно споделувањата на Facebook на овој пост му помогнаа многу околу популарноста.

5. Како телевизијата ви ги уништи животите
Едноставно… Чарли Брукер… уште еднаш краток пост со видео и доволно е. Еден од омилените ликови ние, човекот го бива, забавен и сериозно критички насторен. Ако не си гледал ништо од него… не чекај.

Кои беа твоите омилени постови на овој блог? Или можеби на сите МК блогови зедно, оваа година се раздвижи МК блогсоферата, има што да се издвои.