Media & Marketing Blog

Преглед низ еден поглед, 2007 година

Некако фино делува кога ќе наидете на некој текст, тв или радио емисија којa сумира што се случувало изминатата година. Веројатно нема секогаш да се сложиме со изборот на настани кои ја одбележале изминатата, или може секој од нас ќе посака да додаде уште нешто, ама тоа е тоа, освен ако не седнеме и сами да и направиме рекапитулација.

Јас сум мрза за вакви работи, а и не верувам дека добро би ги направил, па затоа се решив да направам еден крајно субјективен список на настани кои сум ги одбележал на мојот del.icio.us акаунт или кој сум/сме ги постирале. Листава е локална. Не чувствувам потреба заинтернационална.

Јануари:

– Филип ја објави првичната верзија на Хронологија на македонската блогосфера.
– Новинарите патуваат на државна сметка
– Време и Шпиц останаа без печатница (излегуваа само на интернет)
A1 доби награда за медиум со најголем придонес во зајакнувањето на граѓанското општество

Февруари:

SETimes објави текст за блогови и ниту еднаш (ми се чини) не направи осврт на тема дискутирана на МБЗ, за разлика од Хрватите, Бугарите итн. (упс, тексов е од 2006та, а јас сум го запамтил во 2007, ам ај нека стои)
МРТВ Онлајн меѓу првите почна да става линкови во вестите
– Макдонија ја зафати морална паника по објавата на експлицитни видео снимки

Март:

Почина Jean Baudrillard (знам, не е локана, ама важна е)
– Започна првата сезона на Гроздановиот подкаст
– НВО Инфоцентар ја најави нивната ПР Школа
– Се одржа првата Glocal конференција организирана од NYUS
– Преку Центарот за Нови Медиуми одржав/ме кратка обука за идните новинари
– Форум Плус смени газда, се шушкаше за Глобус

Април:

– Се појави Кајмак.от
– Се појави eSport
Вечер украде содржина од блог, и не призна, ниту се извини
YouTube/MKRTV стана првиот официјален youtube канал на мк медиум

Мај:

локалните радија се продаваат
– Излезе вториот број на Avangarde Magazine, не сум пишал кога излезе првиот, би требало да е месец дена порано 🙂
– Утрински по втор пат објави фотомонтажи од блогот photoshop.blog.com.mk
– Се случи првата МК Блог Конференција (го менуваме доменот, линковите до НМЦ не важат :()

Јуни:

CC се официјализираше и во МК
– Јана беше дел од New Network Theory

Јули:

0800 54321 – пријави корупција меѓу новинарите
– Сеад откри зошто мажите не гледаат сапуници
– Време во сензационален наслов на насловна ги спомна блогерите

Август:

– Македонија е 181 на листа на е-влади, со огромен пад и грешна објва во Дневник
– MySpace доживува екстра популарност во МК

Септември:

Една година откако ние граѓаните на мк знатно повеќе плаќаме за реклами во кои целна група сме самите ние
Улогата на АПЕЕМ и понатаму е само да плачат
– Новинарите ја бојкотираа владата
– Владата не прати никога на World Blog Expo

Октомври:

– Сеад пишување линк поезија
– МК компании се повеќе се ориентираат на бизнис преку интернет
– ама некако не им се плаќа

Ноември:

– Почина Радица Величковиќ
– МВР имаше акција, а нашите онлајн медиуми не го положија испитот
– Бев на BlogOpen.eu во Нови Сад
– Излезе втората блог-книга
– Најавена беше Glocal 2.0 Blogging: Evolution Treated as Revolution, јас сум дел од организација 🙂
– Се одржа e-Society.mk

Декември:

– Јас го напишав својот најдолг пост, се уморив и ме мрзи да пополнувам за декември

Ако стигна со читање до тука, сакам уште еднаш да ти кажам дека ова ни од далеку не е некоја комплетна листа за оваа година. Доколку имаш желба, остави линк или некој податок во коментар, ќе се потрудам да ја дополнам листава, за да стане мааалку порелевантна.

Е, да. Да не заборавам.

ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА, УСПЕХ, ЉУБОВ

и уште нешто по желба

ВО 2008 година ЗА СИТЕ

3 коментари на “Преглед низ еден поглед, 2007 година”

  1. Милан

    Maрт 2007

    Стартуваше Нема Грешка, (nemagreska.com), дневен индекс на најинтересните случувања на интернет. Слично како Кајмакот, само во позабавна форма 🙂

  2. Baju Bayi

    Wow, incredible blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your website is magnificent, let alone the content!. Thanks For Your article about Преглед низ еден поглед, 2007 година | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.