И оваа година ќе ја задржам локалната практика, на крајот на годината повеќе да гледам наназад отколку нанапред. Секако полесно е да се гледа наназад, па откако ќе се замори човек на крај да се даде некое предвидување кое може и нема да го прочитаат многу луѓе :)
Како и да е, некои кратки, скромни предвидувања пишав во новиот број на „Click“, а тука по урнек на минатогодишниот пост, ќе соберам некои настани кои може веќе и ги заборавивме. Овој пат, освен блогов за преглед на настаните користам и Twiiter (благодарност до сите кои пишаа пораки со #mk2008) и Кајмакот. Ајде, со ред:
Јануари:
- Симпсонови ја се приклучија кон оние кои велат: Весниците се мртви
- Македонските пратеници постигнаа технолошки консензус
- Дневниот весник Време не излезе од печат
- Се направи пригоден спот за одбележување на Европскиот ден за заштита на личните податоци
- Ајварот остана македонски бренд
- 15 години Елфаско
- Починаа Никола Кљусев и Борис Мајсторов
Февруари:
- Јаху го одби Мајкрософт
- МК блоговите беа расистичко ѓубре
- Босанскиот претседател стана блогер
- ADLog – прва фракција на комуникации.нет
- Се одржа првиот Face2Face настан
Март:
- Глобус објави текст со наслов: Блогерска интифада
- Се појави едицијата Блог записи
- Global Voices на македонски
- Се појави Кирилица.ком.мк
- Македонска мечка стана светски хит
Април:
- Вест беше Добра Вест
- CNN на Македонски
- News Interactivity Index
- Излезе новата Нова Македонија
- Банките го кочат купувањето преку интернет
Мај:
- Се случи Glocal 2.0
- Се појави Курир.ком.мк
- Шампиони на вербална демократија, текст објавен во Форум
- Мојата Кирилица – нова кампања
-
- Се појави CLICK IT магазин
Јуни:
- Новиот Firefox сруши рекорди
- T-Home MK се рекламираше на Facebook
- Face2Face II
Се уморив, ме мрзи да ги листам понатаму :) но еве уште по нешто без календарски редослед. Ако не ти се клика на нив, ЗАДОЛЖИТЕЛНО погледни ги твитовите на локалните твитери и дознај по што другите ќе ја помнат 2008:
- Аналитика го објави: Beyond Blogging: Macedonia: Exploring new media
- Facebook стана популарен (извор на информации)
- Нова Македонија, АлфаТВ и Тотал направија нови сајтови
- Ги доделивме Македонските Олимписки коментаторски медали
- Културен Живот објави текстови за блогови
- ФЕЈС организираше конференција: „Информатичкото општество и неговото влијание врз медиумите за млади“;
- Национални концесии добија мнооогу нови телевизии (мислам 17)
- Google направи прелистувач: Chrome
- Бевме дел oд Renaming Machine
- Се случи Blogopen 2008
- ЦрнаОвца.мк планирано педизвика реакции :)
И на крај, бидејќи беше и на крајот на годинава, настанот по кој јас најмногу ќе ја памтам.
Отворена дискусија: Интернет апликации – развој, маркетинг и промоција
Материјалите од настанот, и заклучоците и препораките на Ѓокица
Чувствувам дека постов ќе трпи промени, па уште сега најавувам, ако сум утнал нешто, или сум заборавил додавајте во коментари, ќе го апдејтувам, ветувам :)
Патем, Среќна Зова Година!







0 Коментари