Во мода е да се линкуваат што е можно повеќе македонски блогови за да расте рејтингот. Токму затоа овој пост ќе го започнам вака:
На блогот Канализација најдов линк до една интересна страница што се вика NetNovinar. А таму еден интересен текст кој зборува за умирањето на телевизијата. Логиката вика вака: Блоговите ги убиваат весниците, подкастингот го убива радиото, но засега сеште се нема најдено алтернативна замена за телевизијата. Но Milverton Wallace не мисли така, тој во текстот Mediji u sopstvenoj proizvodnji – građanski i za građane? ја анализира ситуацијата од која наскоро и телевизиските станици ќе бидат загрозен вид. Се на се солиден текст, мене ми се допадна повеќе првиот дел, од проста причина - вториот е повеќе посветен на техничките карактеристики на програмите кои третираат видео презентации.
Почетокот на крајот на телевизијата
29 August, 2005 · Автор: Darko Buldioski
Категории: general
















0 коментари ↓
Сè уште нема коментари... биди прв/а
Коментирај