Пред неколку години кандидатите за претседател во Америка отворија ново медиумско бојно поле во предизборната кампања. Тоа беа блоговите. Оттогаш тие станаа задолжителен дел од секоја политичка кампања.
Деновиве на повидок е воведување на подкастингот во оваа сфера. Имено, тоа може да се заклучи од се почестите содржини кои големите весници и news веб страници ги поставуваат во форма на MP3 на своите подкаситнг секции.
Во Европа предвесник за ова е Deutsche Welle. Тие веќе еден месец во форма на подкаст објавуваат содржини кои ги покриваат изборите во Германија (линк). Нудејќи интервјуа, извештаи, анализи, и други информации и тоа на англиски и на германски јазик.
Извор: Cyberjournalist.net














0 коментари ↓
Сè уште нема коментари... биди прв/а
Коментирај