К О М У Н И К А Ц И И

- MEDIA BLOG -

К О М У Н И К А Ц И И random header image

Паралелни светови

22 November, 2005 · Автор: Darko Buldioski

Со мало закаснување ама еве ја пренесувам и оваа информација:

Во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и невладината организација СУНА, вчера во Скопје се одржа трибината на тема “НВО и медиуми - коалиција за демократски промени”.

На трибината, на која учествуваа по двесестина претставници од граѓанскиот сектор и медиумите, за жал не се разви конструктивна дискусија за искуствата од досегашната соработка и преминувањето на евентуалните пречки за соработка. Средбата го потврди евидентниот недостиг од квалитетна и постојана соработка на граѓанскиот сектор со медиумите како и фактот дека моменталниот повремен, несоодветен и неефективен пристап на медиумите кон невладините организации и обратно, резултира со непрепознавање на улогата и значењето на граѓанскиот сектор.

На прес-конференцијата што и претходеше на трибината беше најавено дека оваа средба е само дел од проектот “Регионален развој на капацитетите на граѓанското општество во Србија, Косово и Македонија”,во рамките на програмата КАРДС, што во соработка на ИСППИ и невладината организација СУНА ќе опфати уште четири вакви средби за различни аспекти од вклученоста на НВО во општествените случувања. …повеќе

Извор: НВО Инфоцентар

СПОДЕЛИ:
  • Kajmak.ot
  • del.icio.us
  • Facebook
  • Digg
  • StumbleUpon

Може да те интересира:

Категории: Mobile · Society · local

2 коментари ↓

  • 1 Jovan // Nov 22, 2005 at 8:20 pm

    Еве едно НВО искуство од пред 3-4 години: имам поминато повеќе обуки во МК и во странство за ПР и можам да кажам - многу правила што важат на запад не важат тука. На пр. еден од основните начини на комуницирање со јавноста на запад е преку прес рилисови, а во МКД или не ми ги објавуваат или ги ставаат во писма од читатели :(

    Не е работа на здруженијата на граѓани да бидат професионални во ПР иако е пожелно. Неопходно е новинарите да бидат професионални со ПР активностите на другите елементи од општеството, а за жал не секогаш е така.

  • 2 Komunikacii » Избор на медиум со најголем придонес // Sep 14, 2006 at 11:17 am

    […] Се надевам дека оваа иницијатива ќе донесе позитивни резултати во процесот на зближување на паралелните светови. Technorati Tags: медиум, медиуми, МИМ, македонија, ИТЗ, НВО, избор, граѓанско општество, развој, . […]

Коментирај