На светските интернет портали најчесто кога ќе го сретнете овој термин веднаш до него има и опција да кликнете за објасување. Да бидам искрен знаев што е RSS и како функционира (бидејќи го користам овој систем неколку месеци) но сепак немав во главата јасна и прецизна дефиниција како би го објаснил овој систем на некој пријател.
И токму затоа се рашетав низ нашиве страни за да најдам кој има вакво објаснување. Најдов три текстови кои се наоѓаат (по интернационалното правило) веднаш до опцијата.
Макфакс, BBC на Македонски, и SETimes
Еве кратка верзија од дефиницијата на Макфакс.
Што е RSS?RSS е едноставен начин за автоматско преземање на информации од веб локации кои ви се допаѓаат. Наместо да ги посетувате веб сајтовите за да видете дали на нив се појавила нова вест или статија, можете да користите RSS (Really Simple Syndication – многу едноставно поврзување). На тој начин веднаш ќе бидете известени за најновите случувања или промените на сајтовите кои ве интересираат.
ако знаете уште, слободно посочете
_____________________________
07.03.2006: И на македонскиот ел од BBC појаснување за RSS.














4 коментари ↓
1 civ // Feb 24, 2006 at 2:13 pm
ako koristish rss
plagij.at/rss/rss.xml
pozdrav :)
2 Darko156 // Feb 24, 2006 at 2:14 pm
Па шо не кажете така, јас почнав да употребувам еден куп други потсетници за да не заборавам да го посетувам вашиот сајт :)
објавете го јавно :)
3 civ // Feb 24, 2006 at 4:40 pm
ќе го објавиме во новиот лејаут ;)
4 GoodBytes // Feb 27, 2006 at 4:24 am
RSS е технологија за опис на веб ресурсите преку нивно сумарно пакување во стандарден структуриран формат. Се користи за ажурно публикување вести за читателите или за други веб сајтови.
Коментирај