Во секоја земја соодветните институции се обидуваат да ги заштитат потрошувачите, т.е. во овој случај консументите на медиумските информаци од неприметно вметнатите реклами. Токму затоа постојат специфични регулативи со кои секоја реклама мора јасно да биде одвоена од авторската содржина на медиумот.
Изминативе месеци на светско ниво бевме сведоци на неколку казни поради вакви прекршоци (70,000 $ казна за насловна страница) некои однапред предвидени а некои изгубени на суд. Сепак изгледа дизајнерите, уредниците и маркетинг секторот се решени од ден на ден да ги поместуваат тие граници и да си поигруваат со регулативите.
Во прилог неколку примери кои не беа замисливи додека јас работев дизјан на весници, а мислам дека локално сеуште не би биле прифатливи ;)
Детали може да најдете тука: Look at the Pretty ‘Adscapes’! (newsdesigner.com). Таму има и pdf фајл со други слични вакви примери колектирани од Здружението на американските весници (NAA).














0 коментари ↓
Сè уште нема коментари... биди прв/а
Коментирај