Интегрално (со задоволство) (иако мора да признаам не сум редовен читател на овој блог) :
Бавно се уверував во целисходноста на мојата блог-авантура, сметајќи дека тоа е последица на возраста и скепсата што си оди рака под рака со неа. Настаните драматично ме демантираа: мојот блог ми стана најдобрата одбрана против заморот од обврските и против споулавеното секојдневие.Дури, напати, го почувствував и вкусот на предозираност, но и силата на самоконтролата: никогаш да не се претерува. Секогаш да остане нешто што ќе се посакува. Ете, тоа нешто беше МАШКОТО ПИСМО, книга-блог. Или, обратно. Кој како милува.
Значи, да не беше блогот не ќе имаше МАШКО ПИСМО!
Всушност, МАШКО ПИСМО е збирка од дваесетина текстови објавени на мојот блог ПРОДАВНИЦА НА ТАЈНИ, проследени со избор од коментарите што читателите, вообичаено, ги оставаат под текстот.
Драги блог-пријатели, љубезно ве молам да присуствувате на коктелот по повод промоцијата на мојата книга МАШКО ПИСМО од www.prodavnicanatajni.blog.com.mk/.
Претставувањето на МАШКО ПИСМО ќе се одржи на 22 ноември 2007 година во книжарницата ИЛИ-ИЛИ (Мала станица), во 19 часот.
Организатори на промоцијата се македонските издавачи ИЛИ-ИЛИ и ЃУРЃА.
P.S.
Поканата им ја упатувам на сите членови на македонската блог-заедница, без обѕир дали се мои истомисленици или не. Искрено сакам овој повод да биде искористен за зацврснување, популаризација и проширување на нашата заедница.
Срдечно,
Вашиот продавач на тајни
Никола Костески
















0 коментари ↓
Сè уште нема коментари... биди прв/а
Коментирај