Зрееше, зрееше и демек стигна до фаза кога може да се покаже на сите. Не, не е сеуште созреано, ама на добар пат е. Заедно со еден пријател (Док) последниов месец малку по малку се обидовме да дотераме едено ново блогче на кое ќе се потрудиме да ставаме реклами.
Меѓународни, но и домашни. Фокусот секако ќе биде на домашни бидејќи, за жал, многу ретко на светските собиралишта на реклами можат да се најдат делата на локалните креативци.
![]()
Засега, „крадевме” реклами на партизански начин а во иднина се надеваме дека агенциите ќе не удостојат со оригинални материјали, со цел да ги промовираме нив и нивните дела. Ако имаш можност пренеси ја пораката до некој од оваа фела, или едноставно доколку има некоја реклама која на било кој начин те воодушевува, слободно сподели adlog.mk(at)gmail.com. Ќе се потрудиме да ја збогатиме базата на ADLog.


















3 коментари ↓
1 dasaf // Feb 22, 2008 at 10:28 am
фул респек!
2 GoodBytes // Feb 22, 2008 at 7:50 pm
Супер е блогот, честитки за авторите и желби за успех. Ви спремам еден мал придонес.
3 Археоблог // Feb 23, 2008 at 11:45 am
Со успех :)
Коментирај