Пред повеќе од една година, пишав за ребрендирањето на ClubFootball во eSport и бев возбуден бидејќи бев дел од тимот кој ја правеше промената.
Овој пат, повторно бев дел од еден тим, и повторно станува збор за истата издавачка куќа, Global Media, но сега новиот магазин е на тема која природно ми е поблиску.
И повторно со возбуда најавувам нов магазин во Македонија. CLICK нов магазин за компјутери, т.е. се што е врзано со нив или е во нивна близина, се што е гаџет, или интернет иуште еден куп други работи. Мислам дека е јасно, нели ;)
Подготовката на пилот бројот, разглобувањето на многуте детали и дилеми беше предизвикувачки процес, но на крај мислам дека резултираше со сосема задоволителен приоизвод. Од една страна јасно е дека не може се да биде перфектно во првиот број, но од друга страна заради факторот љубопитност бројот на купувачи на првиот број е голем и првиот впечаток е доста важен. Да се има сето тоа предвид не е лесно. Исходот од публиакта го чекаме во теков на седниве недели.
Покрај развојот на магазинот во првиов број помогнав и со неколку текстови. Се разбира, не ги напуштив темите поврзани со онлајн светот.

Патем, официјална најава е планирана за утре, но некои (Goodbytes, It.com.mk) веќе „продреа” предвреме и го најавија магазинов (што излезе уште подобро) откако улетале на неговата официјална веб страна: clickmag.mk, за која се подготвува друго сценарио. Во меѓувреме таму може да се погледне во дел од содржината на првиот број.

















2 коментари ↓
1 Jeton // May 23, 2008 at 5:44 pm
Mnogu dobar i moderen izlged. Issuu integracijata e kako i sekogas fantasticna.
Cestitki i uspesi.
I mi se dopaga imeto . :)
2 darko156 // May 24, 2008 at 7:18 am
Фала за честитките Јетон. Сега останува уште во рака да го земеш и да видиш дали и така ќе ти се допадне :)
Коментирај