К О М У Н И К А Ц И И

- MEDIA BLOG -

К О М У Н И К А Ц И И random header image

Неинформации

14 June, 2008 · Автор: sead93

Што би се рекло школски, вестите ги делиме на информации, дезинформации и неинформации :)

Секако сте се сретнале во весниците, бар еднаш,  наслов од типот „Каролина ќе сече вени“, и онака шокирани вртите на страната за веста за да потоа видите блед текст од типот „Каролина во својата нова песна ‘Сечам вени по тебе’ бла-бла…“. Најчесто вакви преосмислени наслови се среќаваат во естрадните секции на медиумите, но (ете) денес сретнав една таква и во „сериозна рубрика“ (Свет):

Мекејн бара потпретседател на „Гугл“ (Шпиц, 14 јуни, 2008)

Ништо локал-специфично, штосот е преземен од британскиот „Телеграф“:

John McCain uses Google to choose VP

Значи од една шега во излагањето на претседателскиот кандидат изведен е бомбастичен наслов (кој привлекува внимание), а самиот тој пак нема никаква врска со темата на статијата.

Ова е само една форма на појавување на т.н. „неинформации“ (fake news, pseudo-news псевдо-информации, квази-информации, џоамити-информации и сл.). Примери за неинформации можете да најдете милион, а најчестата употреба секако е со забавна намена (infotainment) од типот „Маж носел исти гаќи 5 години“. Што ќе ви смени во животот читањето на вакви бизаризми во кои обично недостасуваат и основните категории во прецизна форма (кој, каде, кога, зошто),никому не му е јасно, но останува заклучокот дека ваквите демек-информации се среќаваат се повеќе и полека се прелеваат во рубриките за сериозни вести.

СПОДЕЛИ:
  • Kajmak.ot
  • del.icio.us
  • Digg
  • StumbleUpon
  • Ma.gnolia

Категории: Society · print

2 коментари ↓

  • 1 Ицко // Jun 16, 2008 at 11:26 am

    Медиумите од тој вид треба да се забранат сместа…

  • 2 sead93 // Jun 16, 2008 at 1:12 pm

    Нешто мора да се преземе, најдобро би било да се игнорираат, да станат нерелевантни и економски да пропаднат, ама бидејќи удираат на „ниски страсти“ ја мамат публиката, и веројатно ова не е решение :(

Коментирај