Како дел од „интегративните процеси“ :) по подготовка од неколку недели, од денес официјално стартуваше новата колаборативна блог мрежа, или „платформа“, на локалнава блог-сцена под наслов „Црна овца“. Здруженово „блог-претпријатие“ е замислено како алтернативен конструктивен глас на група онлајн ентузијасти, а здружувањето е од флексибилен карактер кој ќе им овозможи на сите кои учествуваат во него, да останат свои и посебни.
Засега во овој проект (да се изразиме со речник на припадниците на нашата естрада) се вклучени следните блогови и блогери:
Конструктивните ставови и критики се добродојдени, некои веќе и беа искажани, па дијалогот секако ќе продолжи. За мотивите и за другите аспекти за ваквите активности повеќе кај секој од блогерите индивидуално. Едно можам да кажам, со извонредна извесност, е дека не се промовира никаков, би рекол „псевдо-елитизам“, скраја да е, а за сите други теми тука сме за отворена комуникација со останатите блогери за се што ќе води кон збогатување на содржајноста на македонската блог и онлајн сфера.


















5 коментари ↓
1 новица // Dec 1, 2008 at 4:27 pm
Линковите се утнати.
2 sead93 // Dec 1, 2008 at 4:52 pm
Фала, средено, „слепа кучка, брзи кучиња“, :))))
3 новица // Dec 1, 2008 at 5:33 pm
црна овца, бели јагниња ;-)
4 Miladin // Dec 1, 2008 at 9:59 pm
Честито :)
5 sead93 // Dec 1, 2008 at 10:56 pm
@MIladin: Фала, да ти се врати во посакувачка форма :) + фала до Волан што помогна во демистификацијата на намерите на Црна овца: http://tinyurl.com/5p65ak
Коментирај